ТЕОДОСИЌ ЈА ОБНОВИ ПОВРЕДАТА

Српскиот интернационалец во редовите на ЛА Клиперс, Милош Теодосиќ, ја обнови повредата на зглобот на натпреварот со Оклахома. По само девет минути игра популарниот Тео мораше да го напушти теренот, но и за толку кратко време успеа да постигне четири поени и да направи исто толку асистенции.

Теодосиќ стана миленик на публиката во Лос Анџелес, особено поради  неверојатните асистенции кои ги прави на секој натпревар, но за жал повредата ќе го оттргне уште најмалку еден месец од теренот.

Сепак надежта на раководството на “Клиперси” е дека Теодосиќ ќе се опорави до почетокот на плеј-оф натпреварите, бидејѓи со него на теренот екипата е нешто сосема друго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *