ПЕНЕЗИЌ ЗАМИНУВА ВО “ПЕНЗИЈА”?

Извонредната хрватска репрезентативка која неколку години е незаменлива во дресот на Вардар, Андреа Пенезиќ, размислува за заминување во ракометна пензија.

Како што изјави во интервјуто на една хрватска телевизија, во иднина сакам да се сконцетрира на семејството и на довршување на студиите.

Доколку по завршувањето на оваа сезона, Пенезиќ навистина и стави крај на својата спортска кариера, тоа ќе биде навистина голем удар за Вардар, бидејќи ракометарки со нејзините перформански тешко се наоѓаат, а и оние малкуте кои ги има се цврсто врзани со договорите со нивните актуелни клубови.

Пенезиќ во Вардар дојде 2014 година од екипата на Крим и веднаш се наметна како главна полуга во бековската линија на Вардар. најмногу благодарение на неа, Вардарки се најдоа во Ф4 турнирот во изминативе две години, лани во финалето, а оваа година атакува на шемпионската титула.