ОД ДЕНЕСКА “ПОД КОМАНДА” НА РАУЛ

Ракометната репрезентација на Македонија, која се подготвува за ЕП во Хрватска кое ќе се одржи во јануари следната година, од денеска е под “команда” на селекторот Раул Гонзалес. Гонзалес допатува од Шпанија каде беше со семејството на дочек на Божиќните празници, а од денеска ќе биде со најдобрите македонска репрезентација.

Допатува и Немања Прибак, така што од списокот на Раул недостасуваат само ракометарите кои настапуваат во Германија, Филип Миркуловски и Филип Талески, но се очекува денеска и тие да пристигнат во Македонија.

-Утре ќе бидеме комплетни, а првите неколку дена ќе работиме на физичката кондиција. Потоа ќе се сконцетрираме на тактиката, а ќе имаме доволно време да ја анализираме тактиката на нашите противници – изјави Раул.

SHARE