Во текот на наставата децата се запознаваа со убавината на Православна вера и со учењето на Црквата во која се остварува спасението на луѓето. Истовремено, на предавањата по веронаука, учениците имаа можност да го усовршуваат македонскиот литературен јазик и да го зачувуваат националното битие и култура во мулти-културното австралиско општество.
На завршниот ден, на учениците кои учествуваа на часовите им беше доделено Признание за посетувањето на наставата и новогодишен и божиќен подарок.