Командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, адмиралот Фого ќе се сретне со министерката Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски.
По средбата, како што соопшти МО, предвидени се изјави на министерката Шекеринска и адмиралот Фого.