Тимоние: Не постои резервен план за Договорот од Преспа, алтернативата е да се остане парализиран на патот кон ЕУ

 Впечатокот е дека процесот за имплементација на Договорот од Преспа во Македонија е завршен. Останува процесот да се доведе до крај во грчкиот Парламент. Не постои резервен план за Преспанскиот договор освен да се најдеме во состојбата на блокада во која сме биле досега и која многу скапо ја чинеше Македонија, вели во интервву за МИА францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

-Мислам дека не треба да се ставаме во таква хипотеза, затоа што, според мене, не постои резервен план освен да се најдеме во состојбата на блокада во која сме биле досега и која многу скапо ја чинеше Македонија, но која ништо не ја чинеше грчката страна, која, пак, си ги има сопствените внатрешни проблеми. Тоа би бил особено голем проблем за Македонија. Животот продолжува, но може да продолжи на подобар начин со маршрута што е веќе обележана, за која ќе биде потребно време. Другата алтернатива е да се остане парализиран на патот кон ЕУ. Тоа е најголемиот ризик. Но, ние не сакаме да размислуваме за таа теза, затоа што храбри чекори беа направени од страна на премиерите на двете земји и се надеваме дека и двете собранија ќе успеат да го доловат историскиот момент, вели Тимоние запраша што доколку Договорот не помине во грчкиот Парламент.

Во однос на реформите, тој е дециден дека тоа е сериозен процес кој бара инклузивност и функционален Парламент кој би функционирал на ниво на еден европски Парламент, во кој постои свесност и обединетост околу државниот интерес што ќе доведе до обединетост и во општеството при спроведувањето на реформите

-Патот е јасен и обележан. Станува збор за амбициозна агенда и сега ќе треба ефективно сите да се мобилизираат во институциите околу оваа тема. Претстои огромна работа која што ќе треба да се спроведе. Општеството треба да биде обединето во спроведувањето на реформите, а не да се задоволи едноставно само со штиклирање на соодветното поле во еден формулар. И реално ќе треба правдата конечно да почне да работи во друго опкружување и одредени институции што се од витално значење како Комисијата за борба против корупцијата да биде заснована и почитувана, а не само да служи како цвеќе за декор. Одблизу ќе следиме како се однесуваат и едните и другите, затоа што промените не треба да бидат само замена туку промена што ќе донесе вистинска трансформација. Ништо не може да биде полошо отколку сликата дека станува збор само за „замена на боите“, туку ќе треба структурна длабока промена, промена во однесувањето. Очекувањата се големи, затоа сметам дека во јуни следната година токму овие работи ќе бидат вреднувани – до каде сме со помирувањето во државата, кој е политичкиот праг во земјата, но и кои се однесуваањата, особено во економската област. Работата е во ваши раце, вели Тимоние.

Францускиот дипломат се осврнува и на актуелната состојба во Франција со протестите на Жолтите елеци“ и одговорот на шефот на државата Емануел Макрон.

-Не станува збор за мала криза или револт. Низ историјата на Франција сме имале такви настани, но сега станува збор за вистинкска трансформација на нашето општество и токму заради тоа беше и избран нашиот Претседател. Но тој можеби се соочил со најтврдото јадро и не ќе може тоа јадро да го разводни сам, туку ќе мора тоа да го направи заедно со целокупното општество, вели Тимоние.

Според него, со пакетот мерки, беше даден моментален одговор на одредено барање со економски ефект кој што брзо ќе стапи во сила, но, додава, тој отвори и размислувања односно вистинска дебата за целокупното француско општество која ќе биде отворена во наредните три месеци во која ќе учествуваат и „жолтите елеци“ и синдикатите и политичките партии за да размислуваат за големата трансформација заради која тој беше избран за претседател на Франција.

-Тој беше избран како резултат на желбата да се стави крај на владеењето на класичните партии, на кои им беше тешко да ги спроведуваат реформите. Знаеме колку е тешко да се реформира општеството, колку е тешко од зборови да се премине на дела. Сега станува збор за едно јавно размислување, особено за еколошката транзиција која што има одредена цена, а таа цена беше долго време потценета кај широките народни маси или кај средната класа во општетство. Кои ќе бидат можните компензации за од една страна да се реализира таа трансформација која што е од витално значење за иднината на нашата држава и иднината на нашата планета, посочува Тимоние.

Следи целосното интервју на амбасадорот Тимоние за МИА.

Македонија влезе во третата и последна фаза од уставните измени. Како го оценувате процесот и дали очекувате да бидат запазени роковите за негова имплементација содржани во Договорот од Преспа до средината на јануари следната година?

-Франција целосно ги поддржува усвојувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор. Тоа е најдоброто решение за да се зајакне приближувањето помеѓу Атина и Скопје и да се спроведат неопходните чекори кон двата Брисела (ЕУ и НАТО). Впечатокот е дека процесот е завршен од македонска страна. За тоа беа потребни многу напори, но со тоа се поткрепува и надежта и посакуваме тоа да значи почеток на еден нов период во вашата историја, особено за стабилизација на вашата внатрешна политика. И откако оваа етапа на судири ќе биде надмината, времето на помирување врз база на националниот интерес конечно ќе се случи.

Следна станица по усвојувањето на уставните измени во Македонија е ратификација на Договорот во грчкиот Парламент. Дали се очекуваат опструкции во Атина што може да го блокираат процесот на ратификација на Преспанскиот договор?

-Знаете дека постојат историски пречки, пречки поврзани со националниот идентитет кои постоеле овде и сосема е јасно дека истите пречки постојат и на грчка страна. Со тоа се остава простор да размислуваме дека и двете страни направиле компромис и биле дадени одредени жртви во однос на суштински прашања и ќе треба да се надмине тоа на грчка страна. Во моментов господинот Ципрас има мнозинство, барем тој така го кажува тоа, и важно е процесот да се доведе докрај во грчкиот Парламент.

Но, што доколку не помине Договорот од Преспа во грчкиот Парламент?

-Мислам дека не треба да се ставаме во таква хипотеза, затоа што, според мене, не постои резервен план освен да се најдеме во состојбата на блокада во која сме биле досега и која многу скапо ја чинеше Македонија, но која ништо не ја чинеше грчката страна, која, пак, си ги има сопствените внатрешни проблеми. Тоа би бил особено голем проблем за Македонија. Животот продолжува, но може да продолжи на подобар начин со маршрута што е веќе обележана, за која ќе биде потребно време. Другата алтернатива е да се остане парализиран на патот кон ЕУ. Тоа е најголемиот ризик. Но, ние не сакаме да размислуваме за таа теза, затоа што храбри чекори беа направени од страна на премиерите на двете земји и се надеваме дека и двете собранија ќе успеат да го доловат историскиот момент.

Како гледате на реформите во Македонија во приоритетните области кои треба да се исполнат за да се добие долгопосакуваниот старт на преговорите за членство во ЕУ во јуни наредната година? Дали сме на вистинскиот пат и има ли области каде што треба да се направи повеќе за да бидеме сигурни дека ќе го добиеме тоа што го посакуваме?

-Очигледно е дека ние очекуваме повторно да почнат реформите, затоа што постои таа агенда 18, која е продолжение од агендата 369. Патот е јасен и обележан. Станува збор за амбициозна агенда и сега ќе треба ефективно сите да се мобилизираат во институциите околу оваа тема. Претстои огромна работа која што ќе треба да се спроведе. Тоа е подготвителна работа која ја поддржува ЕУ во делот на законодавната сфера, но станува збор и за прашање на свесност за да може работата во Собранието да биде соодветна на работа на европска парламентарна институција. Тоа значи да има доволен капацитет на доверба, но и заемен интерес околу државниот интерес за никој да не се почувствува исклучено од процесот, туку да биде составен дел од него. Со тоа и општеството ќе биде обединето во спроведувањето на реформите, а не да се задоволи едноставно само со штиклирање на соодветното поле во еден формулар и реално ќе треба правдата конечно да почне да работи во друго опкружување и одредени институции што се од витално значење како Комисијата за борба против корупцијата да биде основана и почитувана, а не само да служи како цвеќе за декор. Од друга страна, одблизу ќе следиме како се однесуваат и едните и другите, затоа што промените не треба да бидат само замена туку промена што ќе донесе вистинска трансформација. Тоа е важно за одредени сектори и области што се од клучно значење за земјата. Има големи промени што се случија во економската област, се случија и одредени притворања и ќе треба да се тргне од добра појдовна точка, особено економскиот систем, кој долги години бил поврзан со власта. Ништо не може да биде полошо отколку сликата дека станува збор само за „замена на боите“, туку ќе треба структурна длабока промена, промена во однесувањето. Сето тоа ќе се следи одблиску, тоа е агендата Прибе, но и очекувањата се големи. Затоа сметам дека во јуни следната година токму овие работи ќе бидат вреднувани – до каде сме со помирувањето во државата, кој е политичкиот праг во земјата, но и кои се однесуваањата, особено во економската област.

Дали сте оптимист дека ќе добиеме старт на преговорите?

-Работите се во ваши раце, не во моите.

По кризата со протестите на движењето на „жолтите елеци“ претседателот на Франција Емануел Макрон вчера и се обрати на нацијата и престави сет мерки кои се одговор на нивните барања. Синдикатот излезе со став дека е делумно задоволен од предложените мерките и најави нови протести в петок со „жолтите елеци“. Стигнаа и прашања од ЕУ во однос на тоа како мерките ќе се одразат на буџетот на земјата. Какви се очекувањата за натамошниот развој на ситуацијата во земјата?

-Претседателот се обрати за да одговори на барање кое е моментално и од кое директно се засегнати сите граѓани и нивниот животен стандард. Тој го почна својот говор велејќи дека Владата нема да го спроведе покачувањето на таксите за нафтените деривати коешто првично го предизвика револтот кај Француските. Претседателот отиде дури и подалеку, затоа што прво покажа дека ги сослуша и слуша барањата на сите кои што протестираат и дека тоа е одраз на амбициозната реформа која што тој ја почна пред 18 месеци во сите области. Дека сака да даде одговори на некои структурни барања за надокнада на паричните средства кои што ги изгубиле тие луѓе, без раслика дали станува збор за луѓе кои имаат ниски примања во плата или пензија. Тоа е значи моментален одговор на одредено барање со економски ефект кој што брзо ќе стапи во сила.

Но, тој отвори и размислувања односно вистинска дебата за целокупното француско општество која ќе биде отворена во наредните три месеци во која што ќе учествуваат и „жолтите елеци“ и синдикатите и политичките партии за да размислуваат за големата трансформација заради која тој беше избран за претседател на Франција. Тој беше избран како резултат на желбата да  сестави крај на владеењето на класичните партии, на кои им беше тешко да ги спроведуваат реформите. Знаеме колку е тешко да се реформира општеството, колку е тешко од зборови да се премине на дела. Сега станува збор за едно јавно размислување, особено за еколошката транзиција која што има одредена цена, а таа цена беше долго време потценета кај широките народни маси или кај средната класа во општетство. Кои ќе бидат можните компензации за од една страна да се реализира таа трансформација која што е од витално значење за иднината на нашата држава и иднината на нашата планета.

Овие три месеци на преговори ќе бидат многу важни, и како што кажа и Претседателот ќе има еден преглед на настаните пред и потоа. Одговорот веројатно ќе биде делумен на сите барања, затоа што суштинските прашања ќе бидат поставени во текот на наредните три месеци. И тука ќе треба синдикатот и другите претставнички сили да се обидат да дадат суштински одговори. Затоа што не станува збор за мала криза или револт. Низ историјата на Франција сме имале такви настани, но сега станува збор за вистинкска трансформација на нашето општество и токму заради тоа беше и избран нашиот Претседтел. Но тој можеби се соочил со најтврдото јадро и не ќе може тоа јадро да го разводни сам, туку ќе мора тоа да го направи заедно со целокупното општество.

Што значи ова за Европа? Првите пресметки не се дефинитивни, но сепак остануваме во таа дозволена граница, затоа што реформите кои беа спроведени последните 18 месеци овозможија да се намали дефицитот и нашата Влада сега има маневарски простор од три проценти, кој што е реален. Дали потоа ќе се најдеме малку над или малку под, јас ги немам точните пресметки. Денес премиерот треба да ги соопшти попрецизните пресметки. Имаме и мал маневарски простор, затоа што ќе се стават на располагање посебни кредити за надокнада на претпријатија коишто ќе им помогнат да инвестираат. Тоа ќе биде еднократна помош, не станува збор за структурен дефицит и од таа гледна точка, Брисел генерално прифаќа да се разговара за такви прашања, затоа што станува збор за нешто што навистина е реално. Но затоа се преговорите кои што се во тек.

Дали презентираните мерки ќе доведат до пролонгирање на реформите зацртани во планот на претседателот Макрон?

-Од она што го разбрав од говорот на Макрон е дека тој останува на програмата врз основа на која беше избран, а тоа е од една страна да се либерализираат работите, но и да се заштитат. Втората точла, заштитата, денес бара многу појак интерес и тој лично сфати дека брзината со која беа спроведени работите создаде и загриженост и загуба и намалување на куповната моќ на населението, кои се уште не се компемзирани со одредени инвестиции кои тој ги либералиизраше. Така што сега влогот е следниот – цената на либерализацијата треба да донесе инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на куповната моќ. Но, за сето тоа е потребно време. Затоа тој е избран за петгодишен мандат. По 18 месеци, по таква детска криза прво почнавме спроведување на реформи и сосема нормално во земја како Франција, во која воопшто не е лесно да се владее, која најверојатно се соочува со 30-40 годишни проблеми кои најчесто се криеле под тепих, и со сите маани кои самиот тој ги призна јавно вчера, претседателот воопшто не е лик кој што сака да ги крие работите под тепих.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *