Командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, Џејмс Фого во посета на Македонија

 Командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, адмиралот Фого ќе се сретне со министерката Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски.

По средбата, како што соопшти МО, предвидени се изјави на министерката Шекеринска и адмиралот Фого. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *