СУПЕР ЗАРАБОТКА ЗА ОДБРАНА НА ТИТУЛАТА

Германскиот фудбалски сојуз ја одреди наградата за фудбалерите доколку на СП во Русија успеат да ја одбранат титулата која ја освоија во Бразил. Според федерацијата, секој од фудбалерите ќе добие по 350 000 евра, што е највисока награда до сега. Имено, за освојување на титулата во Бразил, секој од германските фудбалери доби премија од 300 000 евра.

Инаку за влез во финалето, наградата ќе изнесува по 200 000 евра, а за освојување на третото место секој германски фудбалер ќе инкасира по 150 000 евра. Поласманот во полуфиналето на фудбалерите ќе им донесе 125 000 евра, а во четвртфиналето по 75 000 евра.

Германија досега четири пати беше светски првак, а ако успее тоа да стане и во Русија следната година, за прв пат во историјата ќе успее да ја одбрани истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *