РАУЛ ИЗБРА ИСКУСЕН СОСТАВ ЗА ЕП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, ги објави имињата на 21. ракометар на кој ќе смета на претстојното ЕП во ракомет кое ќе се одржи во јануари следната година во Хрватска.

Од првичниот список, Раул избриша 7 ракометари, а на прозивката, на 25. декември во хотелот “Александар палас”, ќе треба да се појават:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристевски, Златко Даскаловски и Мартин Томовски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Мартин Поповски

Бекови: Аце Јоноски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кире Лазаров и Мартин Велковски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Марковски

Подготовките ќе почнат во скратен состав поради обврски на некои од интернационалците, а ќе се одржуваат во СРЦ “Јане Сандански”. Ќе се работи на индивидуален план, а ќе биде вклучена целата логистика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *