Празникот Петровден во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул

На 12 јули 2018 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Петар и Павле (Петровден), во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.