ПРВАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА – „СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ ЗАГРЕБ

ПРВАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА – „СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ ЗАГРЕБ

Преку фотографија сакаме да ја споделиме радоста која ни доаѓа од Загреб, каде воедно се гради првата Македонска Православна Црква во Република Хрватска.

Драги Верници, симпатизери, почитувачи и добротворни луѓе сите ние знаеме што значи да имаме своја Македонска Црква далеку од нашиот роден крај во нашата втора татковина, затоа ајде да помогнате во изградбата на Македонска Православна Црква во Загреб и со успех да го завршиме започнатото дело. Ве молиме за доброволни донации во било која височина на сума да донирате на МПЦ „Света Злата Мегленска“. За наша добротворност и наш мир во душата.
Секоја сума е добродојдена и примена со голема благодарност!

„Ајде да оставиме уште еден белег, ајде да подигнеме Божји храм и во нашите срца и во центарот на Загреб. Ајде да ја испишеме и оваа убавина во новата историја, ајде да го реализираме и овој преубав проект да гo изградиме и овој храм во Европската епархија, како што тоа го сторија и нашите браќа со храмовите „Св. Наум Охридски“ во Малме, Шведска, „Св.Наум Охридски“ во Тринген, Швајцарија, „Св.Никола“ во Маинц, Германија.“

Донации за изградба на МПЦ „Света Злата Мегленска“ - Загреб:

MPCO „Sv. Zlata Meglenska“ – Zagreb
IBAN: HR1323600001500332698
BIC : ZABA HR2X
Со назнака: - Donacija za izgradba na MPC vo Zagreb

 

Да помогнеме барем во дел, останатото е на Бога” – Тоше Проески

SHARE