Европската банка за обнова и развој ќе пласира пет милиони евра преку Шпаркасе банка Македонија во нова кредитна линија за енергетска ефикасност. Парите се наменети за населението, а достапни ќе бидат преку два производи од март следната година.
Договорот за новата кредитна линија го потпишаа денеска претставникот на ЕБОР за Македонија, Анка Јоана Јонеску, и претседателот на УО на Шпаркасе банка Македонија, Глигор Бишев.
Бишев вели дека оваа кредитна линија има компонента на донација.
– Петнаесет до 20 проценти за крајните купувачи е грант, рече Бишев и порача заштедете енергија и со тоа да го вратите кредитот.
Два милиони евра се за наменски кредити за производи што можат да заштедат енергија, а трите милиони ќе се пласираат во станбени кредити.
Каматната стапка по која Шпаркасе банка ги добива парите е 1,65 проценти, а крајниот трошок со провизија за нив е 1,95 проценти