Гала-оперски концерт „Пучини и Росини“

Македонската опера и балет вечер од 20 часот во рамки на Мајските оперски вечери организира гала-оперски концерт посветен на композиторите Џакомо Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање, и Џоакино Росини, за 150 години од неговата смрт.

– На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек-дела „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Севилскиот бербер“ од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско“, „Тоска“, „Турандот“ од Пучини, соопшти МОБ.

Диригенти на концертот се Рафаеле Масколо и Бисера Чадловска. Ќе настапат првенците од Македонската опера и балет: Ирена Кавкалевска, Славица Петровска-Галиќ, Горан Начевски, Наде Талевска-Спасовска, Сандра Митровска, Дарко Нешовски, Никола Китановски, а гостин-солист  ќе биде сопранистката Елена Баканова од Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *