Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,

 

Во пресрет на новата преговарачка рунда во Њујорк, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Ја разбираме фрустрацијата на Заев, Димитров и Шекеринска кои брутално беа насамарени од Ципрас и Коsијас, но навистина не ни е јасно уште колку понижувања од Грчка страна можат да истрпат? Уште какви се’ докази и потврди им се потребни за да конечно разберат дека заради нивниот кукавички и предавнички чин Татковината е уште еднаш понижена и со неповратно изгубени позиции.

 

Македонската Алијанса со месеци апелираше да не се напушта преговарачката рамка на ООН и дека директните преговори со Грција се опасна замка. Грчките радикали и националисти го добија тоа што го сакаа. Нив им требаше само еднаш некој официјален претставник на Македонската страна да ја прифати нивната уцена за промена на Уставното име. Сега триумфално, Грчката Влада е таа која повикува да се држиме до предлозите на медијаторот Метју Нимиц. Кога веќе Никола Димитров бара мудрост сметаме дека за него е најмудро во Њујорк да соопшти дека Македонија нема да ги трпи повеќе уцените на Грција и дека ги прекинува преговорите со најава дека започнува исклучиво правна битка за нашето Уставно име.

 

Премиерот Зоран Заев е во тешка заблуда ако навистина мисли дека предлогот „Република Илинденска Македонија“ обезбедува „вин-вин“ позиција. Не, ова е нов Букурешт. Сега притисокот кон Македонската страна ќе расте за да се прифати промена на Уставното име со Горна, Северна или Нова Македонија.

 

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ! ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ Е ЕДИНСТВЕНОТО РЕШЕНИЕ!

 

Трагична е тактиката на актуелната Влада од сопствената каша да се вади со нова поделба на Македонскиот народ. Демек, Заев, Димитров и Шекеринска биле прогресивните сили кои и мислат добро на Македонија, а ние кои го браниме Уставното име и бараме прекин на преговорите сме мрачни, ретроградни сили, непријатели на Македонија. За да видат како ќе поминат кај Македонскиот народ со оваа приказна нека си дадат оставки и да одиме на предвремени парламентарни избори заедно со референдум. На тој мегдан ќе се соочат со реалноста! Македонскиот народ низ историјата поминал многу премрежја ама никогаш не потклекнал и не си го издал сопствениот идентитет! Така ќе биде и сега!

 

 

                                                                                   МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                            Претседател,

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски                    

2 thoughts on “Писмена реакција за преговорите за името

  1. Good day! Do you know if they make any plugins to assist with SEO?
    I’m trying to get my site to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.

    If you know of any please share. Appreciate it! You can read similar blog here: Backlink Building

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *