Заев – Орјан: Зацврстување на пријателските односи преку безбедносната и економската соработка

Република Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи и имаат добра економска соработка. Во претстојниот период осoбeно внимание да биде посветено на интензивирање на соработката во областа на  безбедноста, новите технологии, енергетиката, земјоделството и управувањето со водите, како и во областа на здравството и туризмот.

Ова било констатиорано на денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорот на Израел во Република Македонија Дан Орјан.

Како што соопшти владината прес-служба, двајцата соговорници со задоволство ја констатираа зголемената заинтересираност на израелските компании за инвестирање во Република Македонија. Премиерот Заев, се наведува, посебно го истакна искуството на Израел во областа на технолошкиот развој и иновациите, искуството на стартап компаниите кои отвораат големи можности за отворање нови работни места за граѓаните.

Амбасадорот Орјан, пак, се заблагодари за грижата на Република Македонија за еврејската заедница и за поддршката на многу проекти наменети за заштита на еврејската култура и традиција во земјата.

– Беше истакнато одбележувањето на 75. годишнината од Холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна со активности во Битола, Штип и Скопје, каде, покрај претставници на Владата на Република Македонија и премиерот Заев, присуствуваа и бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, со нивни делегации. На состанокот беше спомената и успешната реализација на Хакатон-Биталонот, кој во Битола, на иницијатива на амбасадорот Орјан,  а во соработка со МИОА, беше организиран со цел преку иновативни решенија на младите да се раскаже една значајна историска приказна за Македонија и Битола, стои во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *