ДАРКО СТАНИЌ НА МЕСТОТО НА ШТЕРБИК

Европскиот шампион Вардар барем според името ги реши проблемите кои настанаа на голманската позиција по заминувањето на Арпад Штербик, или поточно, кои ќе настанат по заминувањето на унгарецот во Веспрем. Како што објавуваат српските медиуми, поранешниот голман на репрезентацијата на Србија и на Металург од Скопје, Дарко Станиќ и Вардар ги договориле условите и веќе потпишале договор на една година.

Вардар во следната сезона ќе стартува со прилично изменет состав, од причина што голем број првотимци ќе го напуштат. Буџетот на клубот е намален, што значи дека поради конекциите на Самсоненко со руските клубови засилувањата ќе се бараат од таму. Засега е извесно дека се преговара со десниот бек на Санкт Петерсбург, Дмитри Кисељев и левиот бек на Чеховски Медведи, Дмитри Санталов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *