Шекеринска: За ЕУ да стане успешен фактор на глобален план потребно е да биде успешен регионален фактор

За ЕУ да стане успешен фактор на глобален план треба да биде успешен регионален фактор, оцени денеска македонскиот министер за одбрана, Радмила Шекеринска за време на меѓународната конференција „ Кон изградбата на нов европски одбранбен идентитет“ во Софија.

-Гледаме колку проширувањето е успешно, затоа што има дополнителна безбедност на континентот благодарение на проширувањето на ЕУ, коментира таа.

Според неа, позитивните промени со повторното враќање на значењето или погледите кон Западен Балкан се чекори во правилен правец.

Шекеринска додаде дека иако има извесен скептицизам кон проширувањето, никој нема сомнеж дека безбедноста е првата повелба на Обединета Европа и оваа безбедност не може реално да се постигне доколку има стратегиски бели полиња на континентот.

– Имаме јасни примери за користа на двете страни од едно проширување, забележаа таа и додаде дека доколку се дозволи долг политички или стратегиски вакуум, тој може да предизвика закани кон европската безбедност. Се надеваме дека европскиот идентитет во областа на одбраната ќе добие јасна форма и ликови и повеќе ќе биде стратегиско смело мислење и брзо донесување одлуки од европска гледна точка. Тоа е неопходно за сите нас кои зависиме од една силна Европа, коментираше македонскиот министер за одбрана.

Шекеринска претходно имаше билатерална средба со својот бугарски колега Красимир Каракачанов.

-Денеска од Софија ја испраќам истата порака дека приемот на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде голем плус за нас, но и голем плус за нашите соседи и за безбедноста на целиот регион. Благодарам за поддршката и очекувам нашето партнерство уште повеќе да зајакне, рече Шекеринска на заедничката прес конференција со Каракачанов.

Каракачанов како знак за добрососедство и пријателство меѓу двете земји го посочи учеството на македонска делегација на воената парада в сабота во Софија, по повод 140 години од формирањето на бугарската армија

– Тоа е знак на партнерство и сојузништво. Тоа е знак дека ние ја прифаќаме Македонија за наш партнер и како иден сојузник во НАТО и како парнер на Балканот, кажа Каракачанов.

5 thoughts on “Шекеринска: За ЕУ да стане успешен фактор на глобален план потребно е да биде успешен регионален фактор

  1. Wow, amazing blog layout! How lengthy have you ever been running a
    blog for? you make running a blog look easy. The whole
    look of your website is great, as smartly as the
    content! You can see similar here sklep online

  2. Magnificent beat ! I wish to apprentice whilst you amend your web
    site, how can i subscribe for a weblog website? The account aided me a
    acceptable deal. I were tiny bit familiar of this your broadcast offered
    vivid transparent idea I saw similar here: Ecommerce

  3. Hello! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m
    trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very
    good gains. If you know of any please share. Cheers!
    You can read similar art here: Dobry sklep

  4. Hello! Do you know if they make any plugins to assist with SEO?

    I’m trying to get my blog to rank for some targeted
    keywords but I’m not seeing very good gains.

    If you know of any please share. Kudos! I saw similar art here:
    Hitman.agency

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *