Писмена реакција за ставот на Никос Коsијас

Почитувани,

Во врска со интервјуто на Никос Коsијас за Грчката ТВ „Скај“ потврди дека сега очекуваат од Македонската страна да прифати и реализира промена на Уставното име за севкупна употреба, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Никос Коsијас ја затвори вратата за брза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата. Заклучокот е дека нема никаков аир од сервилната надворешна политика на Зоран Заев и Никола Димитров. Од преименувањето на аеродромот, автопатот и јавната подготвеност за име со географска одредница освен дипломатска учтивост и тапкање по рамо, Македонија не доби ништо!

Грчката уцена гласи вака. Македонскиот народ да прифати име со географска одредница за внатрешна и надворешна употреба. Значи, според нивните ирационални барања, МАНУ во иднина ќе мора да ја ословуваме Горно, Северно или Вардарско Македонска Академија на науките и уметностите. Македонскиот Парламент веднаш да изгласа Уставни измени и евентуалното ново договорено име да стане и Уставно име. Вака, Република Македонија оди во заборав. Или Македонскиот народ ќе прифати да се обезличи или нема ЕУ и НАТО! Ставот на Коsијас уште еднаш потврдува дека Грчката Влада е убедена дека веќе попуштиле и сега на ред е Македонската страна. Според нив, Грција нема што повеќе да попушта предлогот од нивна страна е „земи или остави“ и уште пострашно перфидно се обидуваат вината и одговорноста да ја префрлат во нашиот двор.

Македонската Алијанса јавно им порачува на Ципрас, Коsијас, Каменос, Мицотакис, дека нивните уцени се како онаа народната „гладна кокошка просо сонува“. Со нивните средновековни и иредентистички позиции за Македонското прашање, преговорите одамна веќе се беспредметни! Македонскиот народ никогаш нема да дозволи велепредавство.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ!

Бараме актуелната Влада да одговори, зошто и понатаму учествува во преговорите? Грција не сака да се договори никогаш! Зошто наместо сервилност Заев, Димитров и Шекеринска не побараат од меѓународните сојузници Грција да се третира како осудена земја која не ги исполнува меѓународните обврски кои ги преземала? Македонија заслужува итна покана за полноправно членство во НАТО преку доследно почитување и спроведување на важечката Времена Спогодба!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *