ПЕСНОПОЈАЦ-ПЕСНОПОЕЦ НА ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

Во Белград во Здружението на писатели на Србија со книжевна вечер беше промовирана книгата Песмопојац/Песнопоец на Зафир Хаџиманов, македонски поет, актер, композитор и почесен амбасадор на културата во Србија. Книгата ја промовираа претседателот на српското здружение на писатели Радомир Андриќ и издавачот на книгата, директорот на Македонскиот информативен издавчки центар во Србија, писателот Виктор Шеќеровски.
Книгата Песнопојац/Песнопец на Зафир Хаџиманов е публикувана двојазично, на македонски и на српски јазик. Таа преставува второ издание на книгата „Кисело Весело“ на кратки раскази, која е публикувана и на македонски и на српски јазик.
Книгата Песмопојац/Песнопоец преставува збирка на автобиографски кратки раскази. Книгата Песмопојац/Песнопоец е шеста книга на Зафир Хаџиманов како мултимедиален уметник кој се занимава со поезија, проза и музички дела, но ова е прва прозна книга со кратки раскази. Зафир Хаџиманов е автор на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, меѓу кои и „Македонска крвава свадба“,,„Нож“, „ Македонска сага“ и „Кога ќе осамне денот“ и др., како и во повеќе ТВ серии, меѓу кои е и неговото последно актерско остварување во серијалот Немањиќи на РТС.
Зафир Хаџиманов, кој речиси целиот животен век го поминал во Белград е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб во 2003 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *