ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ СОЈУЗ ВО ШВЕДСКА

На 21-ви април годинава ,во Гетеборг се одржа Годишното Изборно Собрание на Македонскиот сојуз во Шведска. Гости на Собранието беа :

Едмонд Адеми ,министер во Владата на Р.М.,со одговорност за диаспората

Никола Шалваринов ,директор на Агенцијата за иселеништвото на Р.М.,

Н.Е .Александра Наќева- Ружин ,амбасадор на Р.М. во Кралството Шведска,

Првиот македонски Амбасадор во Кралството Шведска ,Г-н Тихомир Илиевски, сега претседател на Македонско-шведско друштво за пријателство од Скопје

Анна Јохансон ,претседател на СД партија од Гетеборг Шведска .
По отворањето на собранието од досегашниот претседател на Македонскиот Сојуз, Гордана Крклинска , и изборот на работното претседателство ,Собранието им оддаде почит на гостите давајќи им простор да го поздрават Собранието ,каде беа изразени желбите за успешна работа на Собранието и секако со посебна благодарност за упатените покани за присуство на овој значаен настан. По разгледувањето на поставениот дневен ред за Собранието ,пред делегираните верификувани кандидати од активните македонски културни друштва ,клубови и асоцијации во Шведска ,членови на Македонскиот Сојуз во Шведска ,се гласаше и за прием на шведскиот амбасадор во Р.М.Матс Стафансон, за почесен член на Македонскиот Сојуз во Шведска. Потоа се прифати и извештајот за работата на Македонскиот сојуз во 2016/2017 – та година со посебно поднесените извештаи на сите тела на сојузот :

-годишното изборно собрание на М.С . одржано на 2.04 2016г

-совет, (годишно неизборно собрание ) на М.С.одржано на 1-ви април 2017г.

-Фестивали и културни манифестации ;Денот на македонската култура ,Поетската манифестација ,

-Младинскиот фестивал за кој е известено дека и во 2016 и 2017-та не се оддржани.

-Активности / иницијативи/на Женскиот Актив

-посети на друштва и други организации со нивните активности

– Кабинетот на Претседателот на Р.М. во 2016 година доделени две одликувања за иселенички заслуги во Шведска – за истакнати поединци и организации во диаспората.

Доделени се : Медал за заслуги (признание за истакнати поединци) на Лилјана Стоилковска Андовска и

Повелба на Р.Македонија , доделена на Македонскиот Сојуз во Шведска

Врачувањето на овие значајни признанија се одржа на 10.јули 2016 во Охрид ,Р.М.

Следуваше и извештај за кореспонденцијата на М.С. преку неговата канцеларија , соработката за разни тековни прашања и настани и контакти со Шведска и институции во Р.М., соработката со АБФ ,соработка со осигурителната компанија „Фолксам„,настава по македонски ,мајчин јазик ,избори во Р.М.и

Основањето на Македонско – Шведско пријателство на 1-ви 10.2017г .

/3/ Потоа ,се изгласа ,претседател на М.С за следните две години .Избрана беше повторно досегашниот претседател Г-ѓа Гордана Крклинска,и 9-те членови од верификуваните кандидати ,како и другите тела за непречена работа на сојузот ,за следните две години .

Потоа на заедничкиот ручек и дружба ,Собранието со наведениот датум за првата следна конститутивна средаба ,и благодарност за доверената одговорна задача на претседсателот на ова најголемо македонско тело во Шведска .Годишното изборно собрание на Македонскиот сојуз во Шведска заврши , со надеж и желби за поуспешна работа во следните две години .

Лилјана Стоилковска Андовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *