Писмена реакција за ставот на Грчката Влада

Почитувани,

Во врска со ставот на Грчката Влада, која преку портпаролот Димитрис Sанакопулос, уште еднаш порача дека промена на Уставното име за севкупна употреба е предуслов за договор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Од повторениот став на Владата на Ципрас и Коsијас целосно се јасни позициите на официјална Атина. Нивната уцена до Владата на Заев и Димитров е или ќе прифатите ново Уставно име и за надворешна и за внатрешна употреба или нема ЕУ и НАТО за Македонија. Уште пострашно што тие се убедени дека веќе попуштиле и сега на ред е Македонската страна. Во превод, Грција нема што повеќе да попушта предлогот од нивна страна е „земи или остави“! Со вакви позиции преговорите одамна се беспредметни!

Македонската Алијанса јавно ја повикува актуелната Влада да одговори, зошто и понатаму се преговара? Атина под решение подразбира само прифаќање на нивните уцени и ништо друго. Колку време е потребно за да Заев, Димитров и Ахмети конечно разберат дека Грција преговара за да не се договори никогаш! Зошто Грција не се третира како осудена земја која не ги исполнува меѓународните обврски кои ги преземала? Сервилната надворешна политика освен тапкање по рамо ни во минатото, ниту сега не ни донела никаков бенефит. Само нови и поголеми понижувања!

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ!

Не може Македонија вечно да попушта а Грција да си измислува се повеќе нови и порадикални барања. Македонската Алијанса е силно уверена дека најефикасен против одговор на Грчките иредентистички уцени е времено прекинување на преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Согласно стратешките интереси на меѓународните сојузници Македонија да побара итна покана за полноправно членство во НАТО преку доследно почитување и спроведување на важечката Времена Спогодба. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *