Во Кумановско ќе се насадат 6.280 хектари со житни култури

Заврши пролетната сеидба на  дел од житните култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Во овој регион според одговорните предвидено е да се насеат  вкупно 6.280  хектари со житни култури.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ Насер Даути информираше дека целосно е завршена седибата на поголем дел од житните култури, а останува да се заврши со пченката која во насадена на 60 проценти од предвидените хектари. Целосно е звршена сеидбата на јачмен, рж, овес. И пролетната сеидба на градинарските култури на површина се одвива непречено и планирано е да се насадат 1.131 хектари. Земјоделците и претпријатијата целосно завршиле со садењето на компирот, кромидот, лукот, додека во овој период на почеток е садењето на доматот, пипераката, краставиците и досега се насадени 10 проценти од предвидените култури. 20 отсто од планираните површини, земјоделците успеале да ги насадат со бостан, а привршува и садењето на грашок.

Фуражни култури се садат на површина од 1.704 хектари, при што речиси 90 проценти од површините се насеани со пролетни фуражни култури, детелина, добиточен грашок и репка. Вкупно во трите општини,според податоците на подрачната единица со пролетна седиба планирано е да се насадат околу 14.000 хектари.

Според стручните лица во подрачната единица на МЗШВ  во овој период преовладуваат поволни агро- климатски улсови за следење и проникнување на веќе насадаените култури. Земјоделците имаат добри услови и за  прихрана на лесно растворливи азотни ѓубрива кај есенските и пролетните житни култури. Според сознанијата на стручните лица во кумановската подружница  на терен има доволно сертифициран семенски и саден материјал,  средства за заштита од болести и штеточини, ѓубрива и други средства кои се достапни за земјоделците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *