Лашкоска: Државата непотребно и несоновано се задолжува

Картелот кој ја води државата, наречен СДСМ, неосновано и во континуитет ги задолжува граѓаните. Државниот долг надмина 4 милијарди евра, а картелот тоа го крие од јавноста.

Картелот вчера го зголеми нето долгот на државата за нови 20 милиони евра. За 20 милиони евра само за еден ден се зголеми долгот кој ќе го враќаат идните генерации. За еден ден секое македонско семејство е задолжено за нови 40 евра.

Со ова задолжување државниот долг веќе надмина 4 милијарди евра и изнесува 4 милијарди и 40 милиони евра. Јавниот долг со голема брзина оди кон бројката 5 милијарди, и сега изнесува 4 милијарди и 806 милиони евра. Картелот на власт веќе извесен период ја крие реалната висина на долгот, со цел граѓаните да не дознаат дека државниот долг е 4 милијарди евра, а јавниот долг дека се повеќе се приближува до бројката од 5 милијарди.

Картелот манипулираше со висината на БДП и така прикриваше 62.4 милиони евра од државниот долг, а 85.5 милиони евра од јавниот долг на државата.

Картелот на власт мора да одговори во чии џебови завршуваат милиони евра пари кои утре со камата ќе треба да ги враќаат идните генерации. Милиони задолжување, а ниту една инвестиција или капитален проект. Повисоки пeнзии нема, но затоа има повисоки акцизи за гориво. Повисоки плати нема, а паѓаат и откупните цени на земјоделските производи.

Задолжувањето како инструмент на финансирање на Буџетот е оправдано само кога со истото се финансираат капитални проекти. Тоа оваа криминална власт не го прави.

Државата рапидно се задолжува, граѓаните се соочуваат со се повисоки цени и трошоци на живот. Државата стагнира на секое поле. Оваа ненародна власт не може да донесе ништо позитивно за Република Македонија. Граѓаните заслужуваат подобро и тоа ќе го добијат кога ќе замине оваа ненародна, расипничка власт. Доаѓа нова надеж за Република Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *