ОЈО ги проверува тврдењата на Јермиќ дека поранешни македонски функционери переле пари во Србија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас за тврдењата на поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ за наводно перење пари во Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка.

ОЈО соопшти дека предистражните дејствија се заради постоење индиции за сторено кривично дело Перење пари и други приноси.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со  институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела. За понатамошниот тек на постапката, јавноста континуирано ќе биде известувана, се наведува во соопштението од ОЈО.​

Поранешниот шеф на српската дипломатија и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ, нодамна во изјава за белградската „ТВ Наша“ повика да се испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и директорот на фирмата СЦМГ, што ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац. Јеремиќ тврди дека луѓе блиски до поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, со пари од коруптивни активности во Македонија, купувале  фирми во Србија во дослух со српските власти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *