ЕХФ ГИ ОДРЕДИ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА ЗА ЖЕНСКИОТ Ф4

Европската куќа на ракометот (ЕХФ), ги одреди службените лица за женскиот Ф4 кој на 12 и 13 мај ќе се одржи во Будимпешта. Нашиот шампион Вардар, за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Ростов, а таа средба ќе ја судат романките, Анамарија Стоја и Дијана Кармен Флореску. Делегати на натпреварот ќе бидат словенката Ања Фрешер и германката Јута Ерман Волф.

Второто полуфинале меѓу Ѓер и ЧСМ Букурешт ќе го судат хрватите Далибор Јуринковиќ и Марко Мрвица, а делегати ќе бидат Кармен Мачадо од Шпанија и Јанка Стасова од Словачка.

Големото финале ќе го судат Шарлот и Жули Бонавентура од Франција а правдата во битката за третото место ќе ја делат Јелена Митровиќ и Ангелина Казанегра од Црна Гора.

SHARE