НЕЈМАР ЌЕ МИНЕ ВО РЕАЛ М.

Ако може да му се верува на некогаш најдобриот светски фудбалер, Ривалдо, бразилецот Нејмар можеби уште во летниот преоден рок би можел од ПСЖ да мине во редовите на Реал Мадрид. Според Ривалдо, Нејмар би можел да биде најдобар фудбалер на светот, но тоа нема да му успее доколку остане во Франција.

-Според информациите кои ги имам, Нејмар ќе мине во редовите на Реал Мадрид. Реков дека може да биде најдобар фудбалер на светот, но никако нема да успее ако остане во ПСЖ. Нема да се врати во Барселона, бидејќи ситуацијата таму е компликувана. Реал му е најдобрата опција ако сака да ја оствари својата цел-вели Ривалдо.

SHARE