СТОИЛОВ ЕДИНСТВЕН ПРОБЛЕМ ЗА РАУЛ

Тренерот на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалес, има само еден проблем пред Ф4 натпреварите во СЕХА лигата. Имено, во неделата на ракометот, на натпреварот со Русија се повреди репрезентативниот пикер, Стојанче Стоилов. Повредата не е страшна, се работи за препона, но е доста незгодна и бара мирување.

Двојбата на Гонзалес е дали да го стави во игра Стоилов на натпреварите од СЕХА лигата, или да го чува и одмори за многу побитниот четврфтинален натпревар од ЛШ против Кил.

Одлуката Гонзалес ќе ја донесе брзо, но најверојатно Стоилов ќе биде на списокот на тимот од СЕХА лигата, а дали ќе игра е прашање. Веројатно Раул ќе направи компромис и ќе го пушти во игра само во исклучителна ситуација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *