МЕГЛЕНСКИ ГО ЗАМЕНИ КРЧМАРЕВИЌ

Долгогодишнит фудбалер на Победа, Тони Мегленски, ќе застане на чело на екипата до крајот на сезонава. Слободан Крчмаревиќ, кој дојде во Победа да помогне клубот да остане во првата лига, поради обврски мораше да замине од Прилеп, а управата на клубот веднаш реагираше и за негов наследник го постави неговиот помошник, Тони Мегленски.

– Имав отворена понуда да преземам клуб од странство, но по новонастанатата ситуација решив да останам во Победа. Клубот бил мое второ семејство и знам колку сум му потребен во овие моменти. Заедно минавме трнлив  пат, од третата лига до првата и сега не чека тешка битка за опстанок. Во преостанатите 10 кола ќе се обидеме се што е во наша можност за да ја оствариме целта -изјави Мегленски.

SHARE