ИКАРДИ ОД ЈАНУАРИ ВО РЕАЛ МАДРИД?

Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, во зимскиот преоден рок најверојатно ќе ја смени клупската средина, ќе го напушто Интер и ќе мине во редовите на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, трансферот на 24-годишниот аргентинец е веќе готова работа, а ќе биде тежок 92 милиони евра. Од таа сума, 80 милиони Интер ќе добие при трансферот, а останатите 12 ќе ги добива преку разни бонуси. Платата на Икарди ќе биде 9 милиони евра по сезона, а ќе добива и 30% од правата на користење на неговиот лик и име.

Веќе подолго време раководството на Реал е незадоволно од учинокот на Карим Бензема, па ангажманот на младиот аргентинец во шпицот на нападот на кралевите ќе биде логичен, особено по одличните игри и ефикасноста во дресот на Интер. Имено, на 15 натпревари досега, Икарди постигна 16 голови, што е одлична препорака за Флорентино Перез и Зинедин Зидан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *