НИКОЛА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Раководството на калчолигашот Кротоне, потрди дека денеска Давиде Никола поднесе оставка на својата функција, шеф на стручниот штаб.

Незадоволството кај раководството на клубот, достигнало кулминација по последниот пораз на тимот од Удинезе, по што дошло до вернбален дуел меѓу членовите на управата и тренерот.

Италијанските медиуми предвидуваа дека по лошиот старт на Кротоне, кој во момннтов се наоѓа во долниот дел од табелата, Никола ќе биде сменет и тоа се случи многу брзо.

Инаку Давиде Никола се наѓаше на чело на Кротоне две години, а минатата сезона со одлични игри при крајот на сезоната успеа да го спаси клубот од испаѓање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *