РОМАНЦИТЕ НЕ СЕ НАИВНИ

Репрезентативното десно крило на македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски, кој настапува во ЧСМ Букурешт, пред баражот со селекцијата на Романија кој треба да се игра во јуни, изјави дека Македонија мора да биде внимателна во овој двомеч.

-Романците за себе велат дека се репрезентација која е во сенка, но која што напредува. Нам ни ја препуштаат фаворитската улога и на нас гледаат како на созреана селекција која е поквалитетна од нивната. Сепак не смееме премногу да се потпреме на тоа и да помислиме дека ќе биде лесно. Не беше попуста нивната еуфорија кога при ждребувањето ја добија начата репрезентација. Си имаат и тие свои математики и ја гледаат својата шанса – вели Георгиевски.

Баражот меѓу Македонија и Романија ќе се игра на 10. и 13 јуни.

SHARE