АЛЕГРИ ЗАМИНУВА ОД ЈУВЕНТУС

Масимилијано Алегри, еден од најдобрите тренери во Италија, објави дека му е доста веќе од италијанскиот6 фудбал и дека сигурно заминува во странство. Алегри ја освои титулата со Милан, од каде што дојде во Јувентус со кого три пати по ред ја освојува титулата, а на повиидок е и четвртата.

-Сигурно одам во странство. Во Италија завршив. Планирам уште пет-шест години да бидам клупски тренер, а потоа ќе се посветам на репрезентацијата – изјави педесетгодишниот Алегри.

Речиси сигурно е дека на лето Алегри ќе го замени Антонио Конте на клупата на Челзи, иако управата на Арсенал исто така би сакала да го види на чело на својата екипа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *