МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ ЈА ОСВЕТИ ЦРКВИТЕ „СВ. НИКОЛА“ ВО ПЕРТ (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Монографија „Митрополитот Кирил, на неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски, а и првиот надлежен архиере на Австралиско-канадско-американската и најстариот архиереј по хиротонијата во Светиот синод на Македонска православна црква, митрополитот Кирил се издавачи Полошко-кумановска епархија и издавачката куќа „Македонска  искра“ од Скопје, а е, отпечатено во 2007 година, на 340 страници на македонски и на англиски јазик, проследени со бројни фотографии од животот и делото на митрополитот Кирил. Автор на Моногравското дело е познатиот публицист Славе Николовски-Каин, а рецензенти се: митрополитот Агатангел и познатиот правник – поранешен функционер Ставре Џиков.

Овој монографски труд е посветен на митрополитор Кирил, една исклучителна личност чија активност и мисии осавија трајни корени и траги во севкупното живее на македонскиот народ. Тоа особено е изразено во духовно-црковниот и националното-културниот простор во древната македонска земја и пошироко во прекуокеанските земји среде иселеничките колонии.Низ странските на оваа Монографија е проследен животот на Никола Поповски, односно на неговото здравје високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски, а и првиот Американско-канадски и австралиски и најстариот архиереј по хиротонијот, Ако некој историјачар, ако некој трагач по самостојниот Македониум, бара личност на македонската борбеност, непокор, стабилност, се чини дека подобар буквар од митрополитот Кирил, нема.

Така, во монографијата „Митрополитот Кирил“ е забележано дека во 1962 година Македонците од Перт покренале иницијатива за формирање македонска црковна општина. Свеченото осветување на општинската црква „Свети Никола“ е извршено на 6 април 1969 година од митрополитот г. Кирил и дебарско-кичевскиот архијереј, митрополитот г. Методиј во сослужение на свештениците-мисионери: Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА), Методи Лазаревски и Ѓорги Кацарски. Во црквата „Свети Пророк Илија“ од Квинбијан, на 20 април 1969 година, за прв пат во македонската средина се најде митрополитот г. Кирил кој изврши  осветување на храмот, чија зграда била подигната во 1872 година.

При подготвувањето на моногравското дело за митрополитот г. Кирил, за црковното живеење на Македонците во Австралија ги презентиравме неговите визитации, осветувањa на македонски православни цркви и други активности поврзани со неговите посети на петтиот континент, како надлежен ахиереј на Австралиската епархија.

Така, во монграфијата е забележано дека македонските православни црковни општини во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од австралиската Влада и од мајката-Светиклиментовата црква.

Според искажувањето на надлежниот архиереј митрополитот Кирил, со формирањето на црковните општини во Австрлија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија.

Инаку, главен град на Австралија е Канбера и се наоѓа на територијата на федералната влада, кој како населба е формиран во 1913 година. Најголеми планини се Австралиските Алпи и Сините Планини, а реки има малку, од кои најголема е реката Мери со десната притока Дарлинг. Денес Австралија е една од најважните индустриски и економски сили и игра значајна улога во светот.

Австралиската нација е составена од многу етнички групи и претставува пример за многу народи и земји. Етничките групи со своето заедничко живеење го градат познатиот австралиски мултинационален мозаик на културите на народите и нациите што живеат на петтиот континент.

Перт, пак, главниот град на Западна Австралија, по Сиднеј и Мелбурн, е трет по големина економски и културен центар во Австралија. Многумина го вбројуваат во најубавите градови во светот и често го нарекуваат „бисер на Австралија”. Тој е милионска метропола на утоката на реката Сван и е распослан десетици километри по должината на Индискиот Океан. Таму традиционално се одгледува цвеќе и зеленило.

Перт е градот во кој неколку десетици илјади Македонци, особено од Беломорјето засекогаш свиле свои семејни гнезда. Првите доселеници од Македонија дошле во дваесеттите години од минатиот век. Таму, во „ветената земја” го почнале својот нов живот како фармери, чистејќи ја шумата за да направат плодни површини, особено за градинарски култури.

Меѓу другото, во монографијата „Митрополитот Кирил“ се вели дека црковно-народниот живот почнал да се интензивира во 1967 година, кога во македонската средина во Перт дошол прота ставрофорот Методи Гогов, подоцна поглавар на МПЦ-ОА кој првпат отслужил богослужба на македонски јазик. Потоа, со формирањето на првата македонска православна општина „Свети Никола“, се постигнати извонредни резултати во македонската комуна.

Инаку, како резултат на силниот патриотски дух и приврзаноста кон родната земја-Македонија, уште во 1962 година Македонците од Перт покренале иницијатива за формирање македонска црковна општина. Потоа било купено местото на аголот од улиците Алберт и Кеили, со цел во почетокот да се изгради културен центар, a потоа црковна општина. Така, била донесена одлука истата зграда да биде наменета и за дом и за црква.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, за успехот на овој потфат се заслужни голем број македонски доселеници, од кои посебно место им припаѓа на: Мита Мијас, Трпче Пеов, Коста Капинков, Коста Ангелковски, Сем Кристи, Томе Миовски, Ване Цигулев, Ване Боршов и многу други донатори и патриоти.

Свеченото осветување на општинската црква „Свети Никола“ е извршено на 6 април 1969 година од митрополитот г. Кирил и дебарско-кичевскиот архијереј, митрополитот г. Методиј во сослужение на свештениците-мисионери: Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА), Методи Лазаревски и Ѓорги Кацарски, збогатена со присуство на голем број истакнати личности од австралискиот јавен живот и неколку илјади Македонци и нивни пријатели.

Црквата го доби името „Свети Никола“ и е втора македонска црква во Австралија. Меѓутоа, за митрополитот г. Кирил тоа беше прва посета на Австралија и прв осветен објект на Македонците. Затоа, често тој живо се сеќаваше за средбите, разговорите и успехот што го постигна во таа средина.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *