МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ ЈА ОСВЕТИ ЦРКВАТА „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА“ ВО КВИНБИЈАН (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

После осветувањето на Домот и црквата „Свети Никола“ во Перт, црковната делегација заминала за Квинбијан, мало гратче во близината на главниот град на Австралија, во државата Нов Јужен Велс, кое е важен стопански и културен дел на Канбера. Во него се сместени и голем број хотелско-туристички објекти, од кои одреден број се сопственост на Македонци

Во тоа вечно зеленило и убави климатски услови за одмор и рекреација, со успех работи МПЦ „Свети Пророк Илија“, во која доаѓаат неколку илјади Македонци кои живеат во Квинбијан и Канбера. Меѓу нив најбројни се македонските доселеници од егејскиот дел на Македонија, особено од селата Трсје и Статица, Леринско. Има и многу доселеници од Дебарца, од Охридско, од Битолско, од Костурско и од други места ширум Македонија.

Првите доселеници од Македонија пристигнале на тие простори уште во 1926 година. Меѓу нив припаѓа и доблесниот патриот и донатор Георги Нано, по потекло од селото Трсје, Леринско. Тој беше еден од основачите на оваа црковна општина, кого често го нарекуваа „душата на црквата”, и кој со својата активност во австралиското општество придонесе Македонците да бидат ценети и почитувани во Квинбијан.

Големиот патриот Георги Нано кој имаше две татковини – Македонија и Австралија беше голем пријател на митрополитот г.Кирил, како и на авторот на овие редови, Славе Катин. Георги Нано беше гостин во Македонија и пречекан со сите почести. Меѓутоа, не му се исполни желбата за последен пат да го посети родното Трсје, Леринско, бидејќи на груб начин беше вратен од границата на јужниот сосед.

Инаку, активностите кај македонските доселеници во Квинбијан и Канбера започнале уште во 1947 година кога е формиран разгранокот „Млад Гоче” на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС), каде имало членови кои учествувале и во Илинденското востание во 1903 годиина. Меѓу другите членови на македонската заедница, Коста Панов и Васил Атанасов биле активисти во собирањето материјални средства за изградбата на Болницата во Скопје.

За историјата на МПЦ „Свети Пророк Илија“ и за македонските иселеници од Квинбијан и Канбера неодминлив е 20 април 1969 година, кога за прв пат во македонската средина се најде митрополитот г. Кирил. Тогаш е извршено осветувањето на храмот, чија зграда била подигната во 1872 година и, како споменик на културата била заштитена со автралиските закони. Тој априлски, пролетен австралиски ден беше ден што се претворил во големо славје и неизмерна радост.

Црквата беше осветена од митрополитот г. Кирил и дебарско-кичевскиот митрополит г. Методиј, во сослужение на свештениците Методи Гогов и Методи Лазаревски. На осветувањето присуствувале голем број иселеници, посетители, амбасадори, претставници на градот, на Католичката и Презвитеријанската црква, високи претставници на Министерството за емиграција на Австралија и други.


Митрополитите Методи и Кирил ја осветија црквата „Свети Илија“ во 1960 година

Во почетните години, придонесот за МПЦ „Свети Пророк Илија“, меѓу другите личности, бил голем и на членовите и на дел од претседателите: Симо Таневски, Крсте и Доне Пазов, Трпо Нанов, Љубе Колевски, Јордан Галев, Илија Петроски, Славе Блажевски, Јордан Постоловски и многу други истакнати иселеници на тој дел од петтиот континент.

Инаку, Квинбијан (Queanbeyan) е регионален центар сместен на една висорамнини во југоисточен Нов Јужен Велс во непосредна близина на Канбера. То се баоѓа на само 15 километри (десетина милји) на запад и  е  составен дел од економијата на главниот град. Зборот Квинбијан) е поангличанета форма од зборот на Абориџините што значи “чиста вода”. Градот е распространет на реката Молонгло (Molonglo), реон во кој Англичаните се доселиле и официјално го прогласиле за нивно населено место во 1838 година. На тие нови богати австралиски простори, во 1851 година било пронајдено голема количина на злато и сребро, што услови брзо населување на бројни трагачи по злато.

Се знае дека првите иселеници во Австралија биле Македонци од егејскиот дел на Македонија и пристигнале уште во 1926 година. Меѓутоа, активностите кај македонските доселеници на тие простори почнале дури по Втората светска војна во 1947 година кога е формиран разгранокот “Млад Гоче” на “Македонско-австралискиот народен сојуз” (МАНС). Меѓу првите активисти беа: Коста Пандов, Коте Димитров, Филип Руков, Ѓорѓи Дуров, Ѓорѓи Нано, Коце Кулеја и други. Оваа група иселеници, според пишувањето на весникот „Македонска искра“, во текот на 1948 година, на средбата на која учествувале и учесниците во Илинденското востание 1903 година, војводите Коста Панов и Васил Атанасов, двајцата од Леринско била активен учесник во собирањето матријални средства за изградба на Болницата во Скопје. 

Еден од најзнчајните датуми за историјата на црквата „Свети Илија“ и за Македонците од Квинбијан и Канбера е, секако 20 април 1969 година – осветувањето на храмот, ден што се претвори во големо славје и неизмерна радост. Црквата била осветена од тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил, заедно со митрополитот  Методи, свештениците Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ) и Методи Лазаревскиа во присуство на бројни иселеници, посетители, тогашниот амбасадор на Југославија Гојко Секуловски, претставници на градот на Католичката и Презвитеранската  црква, високи претставници на Министерството за емиграција на Австралија и други.

Инаку, првата црковната зграда била изградена во 1872 година, и, како споменик на културата, била заштитена со австралиските закони. Во последните години црковниот храм е нов, преуреден, до него е изградена голема сала и други простории и претставува значаен македонско-црковен, културен и национален центар за Македонците кои живеат во Квинбијан и околните места.

Големи заслуги во историскиот развој на овој македонски духовен и национале дом има свештеникот Наум Деспотовски, кој го уредуваше и македонскиот радио час. Исто така придонесот е многу голем  на долгогодишниот претседател и истакнат општественик и бизнисмен Симо Танески, потоа Трпе Нанов, Љубе Колевски, Јордан Галев, Илија Петроски, Славе Блажевски, Јордан Постоловски, Стево Ташковски и многу други истакнати иселеници од почнувањето до денес., кои придонесоја ова црковна општина да биде една од  најзначајните на петтиот континент.

Овој пат авторот на овие редови Славе Катин ќе се задржи на првата посета на Квинбијан и средбата со Македонецот Ѓорѓи Нано. Имено, на неколку стотини метри оддалеченост од црквата „Св. Илија“ се наоѓаше домот на чичко Ѓорѓи Нано. Тоа беше пријатно македонско катче кое во минатото го посетувале голем број намерници, посетители, гости, а кога ние го посетивме неговиот дом бевме информирани дека во неговите одминати години го заборавиле дури и црковните великодостојници. Кога  го посетивме домот на овој благороден старец го најдовме овој честит Македонец со блага насмевка и благороден израз на лицето како седи во фотељата и слуша музика од фолк-фестивалот „Канбера 91“, видеолента која, како што рече, го враќа во родната Македонија.

Чичко Ѓроѓи Нано беше роден во 1909 година во селото Трсје, во Беломорска Македонија. Потекнуваше од македонско семејство, чиј татко бил комита во четата на Ѕале. Меѓутоа, поради економски причини, уште во 1926 година заминал на печалба во Австралија, каде заедно со својата сопруга Јана, која почина во 1984 година, беше еден од оние Македонци кои целиот свој живот го посветил на афирмацијата на вистината за Македонија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *