МАКЕДОНЦИТЕ СО КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД ГО ПРОСЛАВИЈА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – ВЕЛИГДЕН

На 31 март 2024 година, верниците со католичка вероисповед во Република Македонија го прославија најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално централното одбележување се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде беше отслужена Воскресенска литургија.. Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов, кој ја прочита воскресенската проповед и им го честиташе празникот на верниците со католишка вероисповед.

На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски и други гости.

Верниците со католичка вероисповед во Република Македонија го прославија најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Тој е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Велигденските празнувања започнуваат на Велики петок, кој се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Притоа, Улицата Виа Долороса е некогашниот таканаречен Пат на Крстот кој води до Црквата на Светиот гроб на Исус Христос на ридот на Голгота. На патот до Голгота има четиринаесет станици на Крстот, а на една од нив е статуата на Марија која ја симболизира болката на мајката за синот што ќе биде распнат на височините на ридот. Базиликата на воскреснувањето е веднаш до Светиот гроб и тука се малите остатоци од некогашната камена врата со која, според преданијата, бил затворен гробот

Инаку, втора по големина христијанска црква во Македонија е Католичката црква. Таа ги обедину­ва верниците со римокатоличка вероисповед и верници­­те со источен православен обред (унијатите).

Като­лич­ка­та црква во Македонија е една црк­ва со два об­реда, поради што се вика Католичка, што значи оп­­шта, од­носно заед­нич­ка црква. Според тоа, като­лич­ки­те верници и хра­мови од источен об­ред во Ре­пуб­ли­ка Македонија се присутни нај­мно­гу во струмичкиот крај, од­носно, во градот Струмица, во Радово, во Но­­ва Ма­ала, како и во Гев­г­елија, Богданци и Стојаково, доде­ка ка­то­ли­ци­­те од рим­скиот обред се нај­бројни во Скоп­је, Битола, Охрид и во други места.

Инаку, првата унијатска црква, односно Католичката црква од ви­зан­тиско-словенски обред во Македонија, е формирана во Кукуш во 1859 го­дина, позната како Ку­кушка унија или Кукушко соединување, во која членува­ле голем број видни македонски преродбеници. Тоа, всушност, било движење за отворање на училишта на македонски јазик, или на јазикот на кој зборувале Македонците во кукушко-солунскиот регион. Уни­јат­ството, односно соединувањето било движење за еман­ципација и ослободување од грцизмот, односно црков­но-просветно движење про­тив грцизмот што во тој пе­ри­од имал широки размери во Македонија

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение. Затоа, најинтересно место за секој христијанин гробот на Исус Христос.

На гробот на Исус е пишана највозбудливата приказна на нашата цивилизација. Тука Бог им се прикажал на луѓето, за првпат, во човечка лика. Тука вечниот живот ја победил смртта. Денес, во свеста и верувањето на милиони христијани Ерусалим е местото од каде што сè почнува и сè ќе заврши, на Судниот ден.

Животот, учењето и смртта на Исус ќе означат нова страница во историјата на човештвото. Во време кога Евреите го оплакуваат уривањето на Храмот, учениците на Исус од Назарет веќе го шират новото, христијанско учење. Ерусалим, градот на Исусовото страдање, смрт и воскресение, до денес ќе остане најголемо светилиште во христијанството. Затоа секоја година повеќе од милион христијани од сите делови на светот доаѓаат во Ерусалим. На Велики петок, пред Велигден, река луѓе минува низ Виа Долороса, по стапките на Синот Божји, на патот кон Голгота.

На местото на распнувањето и смртта на Исус се наоѓа црквата на Светиот гроб, позната уште како црква на Воскресението, единственото место под капата небесна каде што во исто време можат да се сретнат на молитва верниците од различни христијански заедници.

Да се посети Светата земја значи да се доживее нешто што останува трајно во сеќавањата на посетителот, нешто недоживеано, и библиски и свето и човечко; нешто ново што е карактеристично само за Израел, за еврејскиот народ и за арапскиот свет, а најмногу за христијаните. Тоа се потврдива при посета на оваа по многу нешта единствена и карактеристична земја, каде се доживува едно неописиво чувство на чудна мешавина на старото и на новото, на историјата, на Библијата…


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *