ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА МИТРОПОЛИТ КИРИЛ ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВОТО (1)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Монографија „Митрополитот Кирил“, на неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски, а и првиот надлежен архиере на Австралиско-канадско-американската и најстариот архиереј по хиротонијата во Светиот синод на Македонска православна црква, митрополитот Кирил се издавачи Полошко-кумановска епархија и издавачката куќа „Македонска  искра“  од Скопје, а е, отпечатено во  2007 година, на 340 страници на македонски и на англиски јазик, проследени со бројни фотографии од животот и делото на митрополитот Кирил. Автор на Моногравското дело е познатиот публицист Славе Николовски-Каин, а рецензенти се: митрополитот Агатангел и познатиот правник – поранешен функционер Ставре Џиков.

Овој монографски труд е посветен на митрополитор Кирил, една исклучителна личност чија активност и мисии осавија трајни корени и траги во севкупното живее на македонскиот народ. Тоа особено е изразено во духовно-црковниот и националното-културниот простор во древната македонска земја и пошироко во прекуокеанските земји среде иселеничките колонии.Низ странските на оваа Монографија е проследен животот на Никола Поповски, односно на неговото здравје високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски, а и првиот Американско-канадски и австралиски и најстариот архиереј по хиротонијот, Ако некој историјачар, ако некој трагач по самостојниот Македониум, бара личност на македонската борбеност, непокор, стабилност, се чини дека подобар буквар од митрополитот Кирил, нема. 

Затоа, авторот на монографијата „Митрополитот Кирил“ Славе Николовски – Катин запишал дека владиката Кирил заслужува неговите дела да бидат истакнати пред црковната и пред пошироката јавност, бидејќи Монографијата го открива животот на Митрополитот од неговото детство, преку неговиот архипастирски живот во Америка, Канада и Австралија па сѐ до денес.

Првата промоција на Монографија „Митрополитот Кирил“ се организираше  во Соборниот храм  „Свети Климент Охридски“ во Скопје на 14.12.2007 година кога се славеше неговото 40 годишно предано архипастирско служење на Бога и на својот македонски народ. 440 Монографијата го открива животот на Митрополитот од неговото детство, преку неговиот архипастирски живот во Америка, Канада и Австралија па сѐ до денес.

Дел од промоцијата

Најстариот архијереј по хиротонија во составот на Македонскиот Православен Епископат и единствениот жив потписник на историската Одлука на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква (од 1967 година) за возобновување на на целосната духовна и канонска автокефалност на Охридската Архиепископија, Неговото високопреосвештенство, митрополитот полошко-кумановски господин Кирил (Никола Поповски) е роден на 23 јули 1934 година во Царев Двор, Преспанско. Основно образование завршил во своето родно место со одличен успех, а Богословија во Призрен. Србија

Потекнува од благородното христијанско, православно семејство Поповски, кое ова презиме го добило затоа што со векови било посветено на Бога и на Црквата Христова. Неговите предци повеќе од 300 години наназад на Црквата на македонскиот народ ќе и посветат 32-јца свои луѓе во свештенички чин. Еден од нив, познатиот репортер на Македонското радио, Панде Поповски, беше ракоположен во свештеник. Ова во младиот Никола уште повеќе ја поттикнало љубовта кон Бога, која дополнително ќе биде стимулирана од свештеникот во царевдворската црква “Свети Никола”. 

Во него дефинитивно ќе надвладее желбата да се посвети на Божјата наука наместо школувањето да го продолжи во некоја од воените школи, што исто така било во план. Вратите на Воената академија за него останале затворени бидејќи татко му Бојан на почетокот од педесеттите години од 20-тиот век не влегувал во колективот и не давал ниту од стоката, ниту пак педа од својата земја за формирање на задругата во Царев Двор. Поради тоа властите во бивша Југославија, односно во НР Македонија, го сметале за непријател. Затоа Никола Поповски наместо на тогашната Југословенска армија, станал војник на Бога.

Од мал, како четврто дете, меѓу осумте рожби на неговите родители Милица и Бојан Поповски, токму покрај топлото родно огниште ќе се соочи со типично македонско благородно извориште на православната вера и на оригинално македонољубие, чија света традиција ќе му го осмисли животот. Овде за него, покрај богосознанието од тврдокорните православни верници, меѓу кои растел, а подоцна и од древните богослужбени текстови, зачувани во долапите и во ковчезите на прадедовските поколенија, благородие ќе му претставува и оној здрав, изворен македонски патриотизам кај неговите родители, дедовци, баби, и други роднини, со кои бил опкружен. Уште на детска возраст ќе го почувствува мирисот на темјанот во убавата црква во Царев Двор, посветена на Свети Никола. Одејќи секојдневно во Основното училиште, кое се наоѓа во близина на овој храм, младиот Никола често ќе навраќа во него.

Од поголемиот број пријавени кандидати на приемниот испит за запишување во призренската Богословија, што се одржал во 1951 година во Скопската митрополија, како одличен ученик и со од Бога даруваниот убав глас бил примен заедно со уште малкумина други кандидати. Тоа е првата повоена генерација од Македонија, која се здоби со богословска наобразба во траење од пет години.

Еден период минува низ многу тешки животни искушенија, бидејќи во времето во кое се школувал, честопати се пропагирало дека верата е опиум за луѓето. Го издржал и тоа премрежје и во 1956 година се здобил со диплома за завршено петгодишно богословско училиште. По дипломирањето на Богословијата, Никола ја отслужува воената обврска во Сремска Митровица во траење од двеипол години.

По враќањето од војска, во 1962 година младиот богослов бил примен на работа како службеник во Скопската митрополија. Во Скопје го доживува катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Притоа, заедно со протојерејот Славко Димевски и со својот школски другар Александар Цандовски, вложува максимални напори за спасување на архивската документација на Македонската архиепископија, која ќе биде пренесена во резиденцијата на тогашниот архиепископ охридски и македонски господин господин Доситеј.

На Благовештение, 7 април 1964 година, ќе се замонаши во манастирот “Раѓање на Пресвета Богородица” кај Кичево и со радост ќе го прими името на македонскиот рамноапостол свети Кирил Солунски. Притоа од страна на Неговото блаженство, архиепископот г.г. Доситеј, ќе биде ракоположен во чин ероѓакон, а по кратко време бил унапреден во архиѓаконски чин. 

Во тоа својство, пролетта 1965 година, младиот архиѓакон Кирил ќе го придружува поглаварот на Македонската православна црква, архиепиускопот г.г. Доситеј, при посетата на САД и Канада, каде асистира на празникот Цветници при евангелисувањето на првата македонска православна црква во Торонт, посветена на Свети Климент Охридски. На Томина недела, пак, ќе учествува во осветувањето на храмот посветен на Пресвета Богородица во американскиот град Колумбос,Во текот на едномесечниот престој во САД и Канада (во споменатата 1965-та година) високата делегација на МПЦ ќе ги посети и Гери (Индијана), Сиракуз и други градови.

По враќањето од САД и Канада, со благослов на поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Доситеј, но и на поглаварот на СПЦ, патријархот г.г. Герман, архиѓаконот Кирил е испратен на студии во Московската духовна академија во градот Загорск. Со тоа само се потврдува дека неговото минато е кристално чисто. Меѓутоа, по две години студирање, односно по завршувањето на првиот степен, ќе биде повикан да се врати во татковината заради исполнување на повозвишени духовно-црковни и национални интереси на Македонија, на Македонската православна црква и на македонскиот народ.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *