Гутереш: Светот влегува во ера на хаос, поделбите го парализираат Советот за безбедност на ОН

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот влегува во „ера на хаос“ и оти се потребни важни реформи, изразувајќи жалење за поделбите што го парализираат Советот за безбедност на ОН.

Презентирајќи ги приоритетите за 2024 година пред Генералното собрание на ОН, Гутереш рече дека владите „ги игнорираат и ги поткопуваат самите принципи на мултилатерализмот, без одговорност“.

– Советот за безбедност, главниот инструмент на светскиот мир, е блокиран поради геополитички пукнатини. Ова не е првпат Советот за безбедност на ОН да биде поделен. Но овој пат е најтешко. Сегашната нефункционалност е подлабока и поопасна, рече Гутереш.

Тој изјави дека механизмите воспоставени за време на Студената војна придонеле за управување со односите на суперсилите, но дека тие не постојат во денешниот мултиполарен свет „кој влегува во ера на хаос“.

Советот за безбедност не можеше да реагира на рускиот напад врз Украина поради руското вето, а сега не може да заземе единствен став за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, бидејќи САД го блокираат секој повик за прекин на огнот.

Гутереш предупреди на можен израелски копнен напад врз Рафа, на границата на Појасот Газа и Египет, каде што се наоѓаат стотици илјади раселени Палестинци.

– Таквата акција значително би ја влошила ситуацијата, која веќе е хуманитарен кошмар, со непроценливи регионални последици, рече Гутереш, уште еднаш повикувајќи на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и ослободување на заложниците.

5 thoughts on “Гутереш: Светот влегува во ера на хаос, поделбите го парализираат Советот за безбедност на ОН

  1. what is bitcoin : Bitcoin (BTC) is the first and most popular digital currency in the world, it has been issued since 2009. It differs from all world currencies because it is not tied to certain countries and is completely decentralized.
    Due to this, no one can block the circulation of Bitcoins or seize these funds, because they do not exist in a particular place – they are just records in a replicated distributed database. In fact, anyone can issue Bitcoins (mining), the only condition – access to the Internet and PC.
    One of the advantages of Bitcoins is its owners` anonymity – although the data on transactions in real-time is publicly available, it is possible to track only Bitcoin addresses of users without binding them to specific individuals. Therefore, the number of Bitcoins (and, therefore, the funds stored in them) of a particular user cannot be tracked through any bank.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *