Шекеринска: Интеграцијата во НАТО врвен приоритет на Македонија

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со парламентарниот државен секретар во германското министерство за одбрана Ралф Брауксипе посочила дека интеграцијата на Македонија во НАТО, е во врвот на приоритетите на Владата.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Шекеринска додала дека членството на Македонија во Алијансата ќе покаже дека политиката на отворени врати на НАТО е жива и дека дава резултати.

– Само со интеграција на земјите-аспиранти во НАТО, регионот на Западниот Балкан и Балканот во целина ќе биде мирен, безбеден и просперитетен, рече министерката.

Шекеринска истакна дека демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и целосната транспарентност кон граѓаните се столбовите на кои треба да се развива секоја современа држава и додаде дека Република Македонија е посветена овие вредности да бидат реалност за сите нејзини граѓани.

Во Берлин денеска Шекеринска ќе се сретне и со Михаел Рот, државен министер за европски работи во Министерството за надворешни работи на Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *