Во Атина, наместо во Солун Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција

Наместо во Солун, како што беше првично закажано, петтиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција, ќе се одржи во Атина, на 7 декември, соопштија утрово од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според Министерството за надворешни работи на Грција, промената на локацијата е по согласност меѓу двете страни. 

Состанокот се очекува да биде на највисоко ниво со учество на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. 

Мицотакис, за време на неговото синоќешно учество на дискусија во Берлин, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, се осврна и на односите со Турција, велејќи дека во последните месеци има деескалација на тензиите и го очекува претседателот Ердоган во Грција за, како што рече, да постават позитивна агенда и да не дозволат  долгогодишните несогласувања да ескалираат до точка на ризик од воен конфликт. 

-Целосно не се согласувам со коментарите на претседателот Ердоган во врска со Хамас. Не верувам дека сум единствениот европски лидер што ќе го каже ова. Во исто време, ова не е причина да не го пречекаме претседателот Ердоган во Грција. Ќе зборуваме за нашите билатерални односи, ќе зборуваме за односите меѓу Турција и Европа, кои, повторно ќе кажам, многу јасно се дефинирани со одлуките донесени во Европскиот совет. Секогаш се трудам да бидам конструктивен и да ги решавам проблемите наместо да додавам дополнителни тешкотии, рече Мицотакис.

One thought on “Во Атина, наместо во Солун Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција

  1. Всем привет!

    Добро пожаловать в волшебное пространство красоты , молодости, здоровья и стройности!!!

    В этом чате мы обсуждаем, как:
    Сохранить свое здоровье
    Приобрести энергию
    Поддерживать ресурсное состояние
    Укрепить иммунитет
    Улучшить память
    замедлить старение
    А также стать стройней
    Доставка по всей России!!

    https://t.me/+f9vrzB5UZz40NTcy

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *