Во Прилеп промоција на првата логопедска сликовница

„Подари ми насмевка“ е првата логопедска сликовница во Македонија која ќе биде промовирана уитревечер 28 март од 18:30 часот во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Слковницата е под мотото „Сакајте го своето дете и оставете ја работата дома“, а автори се Катерина Иваноска Вангелова и Татјана Петреска.

Сликовницата изобилува со совети за родителите и игри за децата со цел да се стимулира развојот на говорот на децата за да може навремено да го усвојат правилниот изговор на гласовите.

Логопедската сликовница ќе ја промовираат Цеца Видова Трајческа, професор по македонски јазик, логопедите Данијела Петреска и Наташа Икодиновиќ Талеска, д-р Ирена Москова, педијатар и дефектологот Гордана Ивановска.

Според авторката Катерина Иваноска Вангелова, која како родител, учи од своето дете за неговите потреби, ги применува искуствата и вели дека е најбитно да се сака своето дете и секогаш да се има време за него.

– Најважниот совет е „Сакајте го своето дете и оставете ја работата дома“. Знаејќи колку малку време родителите имаат да читаат, покрај обврската да ги израснат своите деца, па макар и да се едуцираат преку литература за развојот на децата, дојдов на идеја да се создадат овие логопедски сликовници кои ќе им бидат од помош на сите деца и родители што ќе ги користат. Читајќи ја сликовницата, родителите и децата учат. Родителот лесно ќе се потсетува кои игри да се играат, а детето ќе биде мотивирано да ги игра разгледувајќи ја сликовницата, вели Иваноска Вангелова.

Авторката Татјана Петреска има 25 годишно искуство како логопед во логопедска амбуланта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *