Петровска – Блашчак: Северна Македонија и Полска се амбициозни во унапредувањето на одбранбената сојузничка соработка

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Варшава се сретна со нејзиниот полски колега, министерот за одбрана Мариуш Блашчак со кого разговараше за европската интеграција на земјава, безбедносната состојба во Европа и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете земји – сојузнички во НАТО.

Петровска, како што информира Министерството за одбара, му се заблагодари на Блашчак за континуираната и гласна полска поддршка за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Истакна дека евроинтеграциите се уште еден начин на зацврстување на единството на европскиот континент и гарантирање на сигурноста на граѓаните.

– Северна Македонија е европска демократија која и во најтешкиот период по руската агресија врз Украина покажа дека целосно ги почитува и ги поддржува меѓународните правила и принципи. Со Северна Македонија како полноправен член, Европската Унија ќе биде побезбедна и посилна, рече министерката на средбата.

Петровска и Блашчак, како што се наведува, изразија волја и интерес за засилување на македонско – полската билатерална одбранбена соработка, особено во доменот на заедничките обуки и вежби. Министерката Петровска посочи дека неодамна завршената вежба „Анаконда 23“ во Полска на која учествуваа македонски офицери е пример за начинот на кој заеднички можеме да ја развиваме интероперабилноста во НАТО.

– Во однос на безбедносната состојба на континентот, Петровска ја реафирмираше македонската поддршка за Украина преку хуманитарна и воена помош, имајќи предвид дека Русија ги прекрши принципите на меѓународниот поредок, а Украина има полно право да ги одбрани својата сувереност и територијален интегритет, стои во соопштението.

Министерот Блашчак се заблагодари за учеството на министерката Петровска на Варшавскиот безбедносен форум и порача дека земјата е отворена за засилување и унапредување на одбранбената соработка со Северна Македонија како земја – сојузник.

Министерката Петровска претходно се сретна и со Стефан Дион, специјален претставник на Канада за Европската Унија и Европа, со кого разговараше за европската интеграција на земјите од Западниот Балкан.

– Северна Македонија е европска држава која ги споделува европските вредности и припаѓа во Европската Унија. Европскиот пат на Северна Македонија мора да продолжи. Тоа е одговорност на секој политички субјект во Европската Унија и во Северна Македонија и јас очекувам лидерство и храброст да се завршат преземените обврски кои ќе овозможат да чекориме на патот кон полноправно членство во Унијата, рече министерката Петровска.

5 thoughts on “Петровска – Блашчак: Северна Македонија и Полска се амбициозни во унапредувањето на одбранбената сојузничка соработка

  1. Wow, wonderful weblog format! How long have you ever
    been running a blog for? you made running a blog look easy.
    The full look of your web site is excellent, let alone the
    content material! You can see similar here najlepszy sklep

  2. Wow, marvelous blog layout! How lengthy have you been blogging for?
    you made running a blog glance easy. The
    full look of your web site is excellent, as neatly as the
    content material! You can see similar here ecommerce

  3. Hi there! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m trying to get my site to rank for
    some targeted keywords but I’m not seeing very good gains.
    If you know of any please share. Many thanks! You can read similar text here: Scrapebox List

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *