МЕСИ ЈА ПРОПУШТА И ШПАНИЈА

Лајонел Меси, најверојатно нема да настапи и на натпреварот со Шпанија, кој вечерва се игра на стадионот “Ванда метроплолитано” во Мадрид. Фудбалерот на Барселона ја пропушти пријателската средба со Италија поради болки во бутниот мускул, па селекторот Жорге Сампаоли не сака да го ризикува својот најдобар фудбалер ни против Шпанија.

-Не можев да играм против Италија. Сега сакам да играм против Шпанија и да им помогнам на своите соиграчи, но одлуката не ја носам сам. Тренирав, се чувствувам добро, но одлуката дали ќе настапам или не ќе ја донесеме по попладневните прегледи-изјави Меси.N

Натпреварот со Шпанија е пријателски, без некоја особена важност, па иако Сампаоли треба да ја донесе одлуката заедно со лекарскиот тим, многу веројатно е дека Меси побрзо би го виделе на клупата за резервни фудбалери отколку во првата постава на Аргентина.

SHARE