По извесно време откако потпиша нов договор со Барселона, на виделина излегуваат пикантерии во врска со Лионел Меси. Имено, најновата е висината на сумата која му била понудена на аргентинецот од Манчестер Сити, за да го смени дресот на “каталонците” со оној на “граѓаните”.
Сопствениците на “Сити”, му понудиле годишна плата од 50 милиони евра и бонус од 100 милиони евра при потпишување на договорот. Сепак Меси реши да остане во Барселона за многу помали пари, со што покажа дека понекогаш, па дури и во професионалниот фудбал, висината на парите не е се. Тој својата верност кон Барселона ја продолжи за “само” 40 милиони евра годишно.