ГОРДОСТА НА БИТОЛА СЕ РАСПАЃА

Акционерите Орка Холдинг, Пелистерка, Жито Битола и ЗК Пелагонија се повлекуваат од Фудбалскиот клуб Пелистер. Четирите компании кои заедно имаат 75 % од акциите ја известија локалната самоуправа за својата намера, така што ќе остане само општината која има 25% од сопственоста да го финансира клубот и да го спаси од комплетно згаснување.

Кога го превземаа Пелистерт, акционерите истакнаа дека претходниот сопственик “Компанијата Цермат” оставил многу долгови и дека тие не сакаат да ги плаќаат, бидејќи во клубот вложуваат околу 1 милион евра.

“Цермат” тоа го демантираше, тврдејќи дека го предава клубот без долгови. Без оглед на се, ова веројатно ќе биде последна безгрижна сезона за пелистерци.

Фудбалерите немаат земено плата од јули месец. Дел од нив си заминаа, а останатите наскоро ќе го направат тоа.  Имено, Баже Илијоски, Лукас Фереира и голманот Марко Јовановски веќе заминаа, а  Јован Попзлатанов, Кристијан Тошевски, Оливер Пеев, Матеј Цветановски, Филип Петров и Христијан Драгарски најавија дека наскоро ќе заминат. Прволигашите веројатно ќе се обидат во зимскиот преоден рок да ја искористат кризата во која се најде битоскиот клуб и своите редови да ги засилат со негови играчи.