28 РАКОМЕТАРИ НА СПИСОКОТ НА РАУЛ

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, објави поширок список на кој се наоѓаат 28 ракометари, на кои смета за претстојното Европско првенство во Хрватска. На списокот нема поголеми изненадувања. Тука се и немања Прибак и Ацо Јоноски, а вклучен е и тинејџерот Мартин Серафимов од Металург.

Се разбира по извесно време Гонзалес ќе го скрати списокот и на прозивката ќе бидат само оние ракометари кои ќе патуваат за Загреб, каде што Македонија ќе ги игра натпреварите од групната фаза.

Во група со нашата селекција се репрезентациите на Словенија, Црна Гора и Германија. Што се однесува до распоредот на натпреварите, познато е дека отвораме со Словенија на 13. јануари, на 15. јануари играме против Црна Гора, а завршуваме на 17. јануари со селекцијата на Германија. ЕП се одржува од 12 – 28 јануари.

На списокот на Гонзалес се наоѓаат:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов

Крила: Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *