ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА ИСКРА“ ВО АВСТРАЛИЈА – ПРВИОТ ГЛАСНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (3)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Затоа, во продолжение ќе презентираме дел од медиумите во Австралија

            1. “Македонска искра” (1946-1957) – Перт. Едно од најзначајните македонски информативни гласила во дијаспората бил весникот “Македонска искра”, кој е прв македонски иселенички весник во Австралија. Тој започна да се печати на 11 октомври 1946 година, на денот кога се отвори нова славна страница во историјата на македонскиот народ во борбата за слобода и независност. Весникот беше орган на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС). Се печател еднаш месечно, а неколку пати излегувал како двоброј во периодот од десетина години. Повеќе од една година се печатеше во Перт, потоа во Сиднеј, а од 1952 година до неговото згаснување во јануари 1957 година во Мелбурн.

По бројот на страниците “Македонска искра” бил мал весник – најчесто излегувал на 4 страници, а подоцна и бројот и формата на страниците се зголемувале. Целта и задачите на весникот “Македонска искра” биле да го запознава австралискиот народ и општеството со македонската имиграција во Австралија, со Македонија и македонскиот народ, како и да ја обедини и собере македонската имиграција околу МАНС. Уредници на весникот биле прогресивни Македонци од егејскиот дел на Макеоднија. Весникот се печател на македонски јазик со латиница, освен насловот кој секогаш бил со кирилица. Одделни статии биле фотокопирани од некои весници печатени со кирилица или печатени во Република Македонија. “Македонска искра” се печатеше во тираж од 600 примероци за првиот двојно се зголеми тиражот на вториот, за подоцна да се зголеми на неколку пати.

2. “Илинденско востание” (1951-1952) – Мелбурн. По повод 48-годишнината од Илинденското востание, на 18 август 1951 година, во Мелбурн излезе пригодно издание под име “Илинденско востание”. Тоа е отпечатено на македонски јазик, на Леринско-костурски дијалект и на англиски јазик, на две големи страници на формат 29 х 42 см., како орган на Македонско-австралискиот народен сојуз, огранок во Мелбурн.

Во август 1952 година е отпечатен уште еден број од “Илинденското востание”. Тоа е специјално издание по повод прославата на Илинденското востание и свикувањето на Четвртата конференција на МАНС. Тој број има само две страници, на кои преовладуваат текстови сврзани со Илинденското востание, фотографии, песни, вести,  соопштенија  за одржувањето на конференцијата на МАНС на 2 и 3 август истата година.

1isks12

3. “Македонски глас” (1957-1958) – Сиднеј. По престанувањето на првиот македонски весник “Македонска искра” во јануари 1957 година, во февруари истата година, како двоброј за февруари и март во Сиднеј се појави “Македонски глас”. Весникот излегувал како двоброј, макар што беше најавено дека ќе излегува еднаш месечно. Во првата година се издадени пет броја и тоа покрај вториот април-мај, третиот за јуни-јули, четвртиот за август-септември, петтиот за октомври-ноември. Во втората година е отпечатен шестиот број за декември – јануари, а по подолга пауза во јуни 1958 година е отпечатен последниот седми број. Весникот се печати на среден формат 28,5 х 44,5 см. Со латиница. Само главата на весникот односно клишето, е со кирилица, на кое стои дека е ова единствен македонско-австралиски комерицјален и социјален весник.

Бројот 7 од јуни 1958 година е последен отпечатен “Македонски глас”. Тој е печатен на 4 страници, исто формат и ист квалитет на хартијата. Во него е даден пригоден текст по повод завршувањето на 7-та конференција на МАНС со извештаи од повеќе членови, кои зборуваат за проблемите, значењето, перспективите, обврските и финансирањето на весникот, а е поместена и Резолуцијата.

4. “Хисториски билтен” (1959). Во почетните години на организираното живеење во далечна Австралија, одвреме-навреме се печатеа некои изданија по повод некој настан, за да се објави некое соопштение, или да се прокоментираат некои прашања. Едно од таквите гласила во Мелбурн е таканаречениот “Хисториски билтен”. За разлика од претходните билтени тој има форма на весник 36 х 74 см.

На првата страница од “Хисториски билтен” е поместена фотографија од Македонската православна црква “Св.Ѓорѓи” од Мелбурн, со текст дека темелот за црквата е поставен и дека се бара материјална помош од сите Македонци без разлика од кој дел доаѓаат. Во продолжение е поместено официјалното соопштение за изградбата на црквата и тоа: на македонски латиница и кирилица исто и на англиски јазик, како и текстот по повод 56-годишнината од Илинденското востание. На англиски јазик, пак, се поместени текстовите под наслов “Македонската народна илинденска епопеја” и Меморандум и текстови на асоцијацијата на Македонската православна црква”.

Прололжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *