КНИЖЕВНОТО И ПРЕВЕДУВАЧКОТО ДЕЛО НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (4)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Како аргати на лозје, откакоја споделиле дневната мака и горештина заедно со оние што дошле во единаесеттиот час, што беа удостоени во иста мерка со Божја благодат, така. во последниот век, на истото дело дојдоа, овие двајца нови проповедници и светила на целата вселена, и тие, опишани со добар подвиг и со цврста вера, поминаа како сонце, осветлувајќи ги темните места со своите стапки, ија разгонуваа со духовен оган секоја еретичка и паганска магла, не поштедувајќи ги ни своите тела, ни своите души, секогаш борејќи се за правата вера слатко да јаиспијат Христовата чаша…”, напишал Свети Климент Охридски.

Никои подобро не можел да ги знае делата и подвизите на словенските просветители Кирил и Методиј од Климент Охридски, нивниот вреден ученик, којшто најдоследно ја продолжил значајната кирилометодиевска традиција во средновековната Охридска школа. И Климент Охридски во IX век, а и ние денес, ќе се согласиме во смисла на најсовременото сознание дека нивната основна карактеристика била трудољубивоста. Од неа се изродувале значајните дела на браќата коишто се сметаат за најдостојни патоводители на словенските народи кон културен ратеж, којшто започнал во втората половина на далечниот IX век.

Панонските легенди, нивните најзначајни и најопширни житија изобилуваат со податоци за нивната сестрана културна дејност. Меѓутоа, и покрај големиот број извори што достигнале до нас на словенски, грчки и латински јазик, не достигнал до нас ниту еден автограф од двајцата првоучители. Токму затоа до денес немамецелосна реконструкција на нивното сеопшто дело, особено на нивните книжевни лични и преведувачки творби.

Откако првин ја составиле словенската азбука, Кирил иМетодиј го издигнале старословенскиот (старомакедонскиот) јазик на ниво на литературен јазик, во чијашто основа влегол говорот на македонските Словени од околината на Солун. И денес во говорот на селата од оваа област: Сухо. Зарова и Висока се наоѓаат најстарите остатоци на тој јазик. Кирил и Методиј ја отпочнале значајната преведувачка работа од грчки на словенски (старомакедонски) јазик користејќи го токму овој говор.

Потребата од преводите на најнеопходните црковни книги се наметналаведнаш, бидејќи пред нив претстоел долгиот пат за изведување ни нивната трета значајна мисија – Моравската. Во славистиката се смета дека првиот преведен стих се наоѓал во Евангелието од Јован, со кое почнувало Изборното евангелие: „Искони беслово, и слово бе у Бога и Бог беше слово”. Неуморните браќа морале да работат бргу, зашто во Моравија ги чекале со нетрпение да ја отпочнат христијанската служба на словенски јазик. Претстава за првиот превод на Изборното евангелие денес можат да дадат старите зачувани споменици: глаголското Асеманово евангелие, настанато во Македонија во Х-ХI век.

Од двајцата браќа, Кирил се одликувал со посебен книжевен талент, којшто дошол до израз уште во најраните негови години. Неговиот инспиратор, учител и патоводител по врвиците на богатата византиска книжевност бил многу познатиот н популарен византискн автор Григориј Богослов, чиишто бројни поетски дела почнале да го формираат младиот Кирил. Иако немаме многу податоци и извори за неговите први книжевни чекори, се смета дека својот прв поетски состав, една кратка молмтва, му го посветил на Григориј Богослов.

Благодарение на цитатите со коишто изобилуваат Панонските легенди, овој вдахновен и искрен поетски состав е зачуван во третата глава од Панонските легенди. Кириловата приврзаност кон христијанската религија и Бога, од најраните години, наоѓа одраз и во другата молитва, којашто исто така, се наоѓа во споменатата глава од Панонските легенди. Меѓутоа, подоцна кога своите длабоки и сестрани познавања и ги ставил на услуга на својата земја, во творбите ќе дојдат до израз конкретните акции и желби и неговата висока општествена свест. Веќе во третата, претсмртната молитва, којашто ја наоѓаме во осумнаесеттата глава од Панонските легенди, неговата најголема желба е да продолжи започнатото дело, т.е. Моравската миснја.

Покрај овие молитви коишто се зачувани на словенски јазик, односно вклопени во нивните опширни житија, Кирил составил и книжевни форми на грчки јазик. Книжевните полемики биле доста омилена и распространета литература во Византија. Кирил, кој одлично ги запознал достигањата на византиската наука, култура и литература, се обидел и на ова поле, бидејќи акциите што ги презел во трите изведени мисии му овозможиле богат и интересен материјал. И овие негови грчки состави не се стигнати до нас во оригинален вид, туку ги среќаваме во делови, расфрлени како цитат во делата што им се посветени точно ним. Во Х-та глава од Кириловото житие нагласено е дека Кирил составил книги, подоцна преведени на словенски јазик од Методиј и поделени на осум делови. Житиеписецот сигурно ги имал тие состави прирака, зашто употребил доста голем број цитати. Првиот Кирилов полемичен и книжевен труд се однесува на полемиката со византискиот патријарх Јован VII, којшто им бил верен приврзеник на иконоборците.

1isks123456778Во 842 годнна во Византија бил повторно воспоставен култот кон иконите, а на Јован VII му престанала патријаршката должност. Кирил во тој период бил младо момче, но образовано и подготвено да влезе во полемика со белокосиот и упорен иконоборец Јован. Кирил воопшто не се збунил на прашањата на симнатиот патрнјарх, туку напротив многу смело му одговарал на нападите коишто имале за цел да не се признае светоста и култот на иконите.

Се смета дека во 851 година Кирил, веќе познат на византискиот двор како многу учен и паметен човек, бил испратен да ја изведе првата мисија – Сараценската, со верско-политичка цел. Багдадскиот калифат многу се проширил во IX век и Византија ја презела оваа дипломатска мисија, со цел преку христијанизацијата да воспостави мирнососедски односи со Сарацените. Во оваа мисија учествувал и брат му Методиј. Учените Сарацени поставувале прашања од најсложените поставки на христијанската религија. Притоа, им го објаснил значењето на Светата Троица, сфаќање коешто посебно ги збунувало муслиманите. Покрај точните и убедливи одговори, Кирил во полемиките покажал надареност за вонредно убаво изразување, користење на стил којшто многу одговарал на полемичната нота, потоа со сликовито разјаснување на проблемот доаѓал до убедлив заклучок така што ги збунувал противниците и излегувал како мудар победник.

И полемиката кај Хазарите, во врска со изведувањето на третата Хазарска мисија, оставила траги во опширното Кирилово житие, преку бројните прашања и одговори, преку цитатите коишто зборуваат и за постоењето на овој книжевен состав. Кај Хазарите Кирил и Методиј морале да им се спротивстават и на двете религии: еврејската и муслиманската, коишто зафатиле многу подлабоки корени во државата на Хазарите, додека бројот на христијаните бил многу мал. Светата Троица била повторно предмет на разговори, полемики, потоа односите на византискиот двор, неговите постапки, особеностите на христијаните, итн. И од оваа полемика браќата излегле како победници, и како подарок им биле дадени, како и кај Сарацените, заробените Византијци. Хазарскиот каган со високи пофалби ги испратил браќата и мисионерите.

Четвртата полемика се случила во Венеција кога Кирил и Методиј по престојот во Моравија, тргнале кон Цариград или Рим, да го издејствуваат ракоположувањето во повисоки чинови. На нападите од тријазичниците, коишто никако не го признавале словенскиот (старомакедонскиот) јазик како рамноправен со трите „богоизбрани” јазици, Кирил им одговорил со зборови, коишто убедливо го расчистувале патот по кој оделе браќата просветители: „Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А Сонцето, не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви…”

Во врска со изведувањето на Хазарската мисија Кирил составил уште три состави на грчки јазик, посветени на чинот на изнаоѓањето на моштите на одамна починатиот римски папа Климент. Задоволен што точно нему му паднала таа чест, Кирил составил расказ, свечено слово и химна по повод ненадејното наоѓање на светите мошти. За жал, и овие состави, коишто биле преведени и на латински јазик (освен химната) од Анастасиј Библиотекарот, не стигнале до нас во оригинален вид.

За книжевните состави на Методиј многу помалку знаеме. За некои дела во славистиката постојат противречии искажувања, Меѓу раните трудови на Методиј се споменува делото „Закон судниј лјудем”. Се смета дека составот настанал во Стримонската клисурз, каде што управувал, или кнезувал, Методиј и тоа некаде околу 835 година. Според тоа, и важноста на овој труд е од неоспорно големо значење бидејќи настанал пред Моравската мисија.

Методиј претставува горостас во културната исторнја на Словените преку своите значајни преводи, особено на Библијата којашто ја правел целосно, 60 глави, (освен Книгата на Макавеите којашто ја сметал за еретичка) и на неа работел речиси до последните часови од својот живот. Покрај овој обемен труд во славистиката се’ уште предизвикуваат интерес и се истражуваат преводите на Номоканонот и Петерикот.

Продолжува

 1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *