ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Така, вечерта заврши со овој непријатен инцидент. Меѓутоа, она што на крајот го поттикна Александар Македонски да се откаже од намерата не беше толку одбивањето на Калистен, туку тоа што тој сметаше дека неговите стари антички Македонци тврдоглаво ќе го одбијат ваквиот обичај. He e потврдено дека Александар Македонски во наредните години го применувал обичајот на метании.
Веројатно тој увидел дека беше пребрз во својот обид и не се срамеше да се откаже од намерата. Оваа ориенталска церемонија на запад се употребуваше многу години. Но, не до Диоклецијан кога беше воведена заедно со други дворски обичаи.
Најизненадувачко е тоа што на Александар му се противстави Калистен, тој кој во својата книга беше безграничен со глорификацијата на кралот и кој најмногу го поддржуваше неговото божествено право како син на Бога. Ниту имаше промена спрема Големиот крал како панелинистички херој, но тоа веќе ги разниша односите со Александар Македонски.
По убиството на Клит тој беше еден од оние што сакаа да му угодат на расеаниот монарх. Неговото противставување на традицијата правење метании во чест на кралот не претставуваше протест против Александар Македонски, како што му се припишуваше, туку во тоа гледаше варварски и смешен начин на оддавање почит, со што слободните антички Грци беа доведени на варварско ниво, а што тој го презираше. Неговата тесна врска со Александар Македонски беше непоправливо разнишана, а кралот го мразеше, бидејќи сега го сметаа како водач на опозицијата.
Наскоро потоа беше откриен нов заговор што го беа сковале кралските пажеви. Овојпат причината за заговорот не беше од политички карактер туку чисто лична. Се случи поради повредената суета на младиот Хермолај кого Александар Македонски го укори пред другите пажеви, бидејќи на заедничкиот лов убил дива свиња пред него. Заговорот беше притаен во споредба со првиот, но беше поопасен, бидејќи пажевите чекаа кралот да го убијат ноќе на спиење.
Ако Александар Македонски не останеше цела ноќ на гозбата, како што му беше речено од сирискиот пророк, ќе беше мртов. Заговорот беше откриен наредниот ден. Пажевите како синови на антички македонски дворјани беа изведени пред Воениот суд и откога ја признаа вината беа осудени на смрт и убиени со каменување.
Калистен беше тутор на многумина и се наоѓаше во добри односи со нив. Затоа беше очигледно дека тој знаеше за заговорот или пак ги поттикнал на тоа. Александар Македонски го затвори и побара да го испитаат.
Бидејќи Калистен беше антички Грк, немаше проблем да му суди македонската војска. Александар Македонски прво мислеше да го испрати на суд пред Федералниот совет во Коринт.
Оваа информација заслужува внимание, бидејќи таа повторно покажува дека Александар Македонски сé уште се сметаше дека е антички грчки хегемон на Еленистичката лига. Меѓутоа, подоцна ја напушти оваа идеја, го зеде Калистена со себе како затвореник, го осуди и лично ја изврши казната во Индија.
Тоа, несомнено, покажа дека Александар Македонски веруваше во неговата вина, бидејќи Птолемеј и Аристобул го поддржуваа фактот дека Калистен беше поттикнувач на заговорот.
Меѓутоа, неговата вина не беше судски докажана и затоа тешко е да се прифати. Co пресудата над Калистен, Александар Македонски се компромитира во античкиот грчки свет, кој очекуваше оваа егзекуција да се изврши по законски пат. Возбудувањето во Перипатетичкото училиште беше особено големо, бидејќи го сметаше Калистен за свој приврзаник.
Теофраст ја искажа својата болка за трагичниот крај на својот пријател во расправата „Калистен” или „На тагување”, во која потврдува дека Александар Македонски не сфатил дали има право или не да ја користи својата среќа.
Перипатетичарите на овој начин започнаа да го сметаат Александар Македонски како тиранин затруен од својата сила и заслепен од својата среќа, сфаќање што уште повеќе се разви кај идните историчари.
Од друга страна, пак, привремено беше прекинат односот помеѓу Александар и Аристотел, кој како вујко и учител на Калистен, веројатно многу влијаел врз него. Но, подоцна повторно продолжија да си пишуваат и разменуваат мисли.
Од доследниот третман на катастрофите што се случија во Источен Иран, почнувајќи од судењето на Филота до пресудата на Калистен, како што беа изнесени начелата што ги поврзуваа, лесно може да произлезе премногу мрачна слика за односот на Александар Македонски со својата војска.
Ако некој ги следи војничките дејства од 330 до 327 година, кои завршија со исклучиво тешко задушување на националниот отпор на Источен Иран, ќе види дека Александар Македонски сепак успеа да ја задржи во свои раце војската, офицерите и другите.
Во нападот или во битката тој беше постојано ист; тој беше крал на античката македонска нација; со војската го делеше големиот замор, гладот и жедта во таа герилска војна.
Освен тоа, има анегдоти од тие години кои веројатно не можат да се земат како историски, но, очигледно со описно коректни импресии, а тие покажуваат каква хуманост изразувал Александар Македонски кон својот народ со лично жртвување. Тоа тој го правеше за војската што го следеше со ентузијазам.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
The alpha subunits all share some homology to each other, as do the beta subunits priligy kaufen Comparison of bioavailability of two ubidecarenone products in healthy Korean volunteers