ЗАГОВОРИ ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И УБИСТВОТО НА КАЛИСТЕН (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Се чини дека Александар погрешно го сфати тоа и го протолкува како предавство. Тој им викна на македонски на своите хипасписти и му нареди на барабанџијата да даде знак за тревога. Барабанџијата имаше храброст да не го послуша, а Александар Македонски го удри со тупаница по лицето.

Кон бесот спрема Клит треба да се додаде и гневот и возбудата од недокажаниот заговор. Во тој момент Клит, кого неговите пријатели успееја да го истуркаат надвор од собата, влезе повторно од друга врата и му упати уште една навреда на кралот.

Во тој миг Александар Македонија ја загуби контролата на разумот, го зграпчи копјето од телесната стража и го прободе својот пријател. Овој настан многу го вознемири, па така истоштен помина три дена во длабоко каење, без храна и вода.

Кој би бил во состојба да ја оцени оваа брза ерупција на човечки чувства, слична на онаа од природните сили? Која страна треба повеќе да се осуди? Двајцата пријатели кои се препираа, не беа двајца вистински мажи, туку тоа беа два различни погледи на светот кои експлодираа од елементарен бес. Ужасната сцена ни ја осветлува состојбата на чувствата кои постојано се зголемуваа меѓу македонските следбеници на Александар Македонски со промените во концепцијата на неговата кралска положба.

По неограничените противобвиненија на Клит, Александар Македонски мораше првпат да се соочи со психолошките ефекти на својата политика спрема Македонците. Но, тоа не придонесе да ги измени своите погледи. Тој никогаш не прифаќаше отстапки, ниту пак компромис. Средствата и начините што го водеа кон неговите цели за него беа определени и непроменливи

Тој веќе мораше да согледа од кога и да е појасно дека не може да се искачи на стрмниот пат кон светскиот суверенитет без конфликти со своите антички Македонци и уште повеќе тој мораше да чувствува дека е битно да се потпре и врз Персијците и врз другите Иранци. Наспроти големото каење на Александарм Македонски, тоа упатува да се подвлечат причините за судирот; катастрофата на Клит имаше спротивен ефект:

Александар Македонски потврдоглаво се приклони кон политиката што Македонците не ја оправдуваа и уште подлабоко нурна во идејата за асимилација меѓу победниците и победените. Идејата за спојување на нациите, што веројатно му била сугерирана многу порано, се разви во неговата глава и неколку месеци потоа, во пролетта 327 година, првпат излезе на видело со женидбата со Роксана.

Како последица на тоа, веднаш по враќањето во Бактра тој проба да го воведе персискиот обичај -метанија пред кралот и кај античките Македонците и кај античките Грци. Од стари времиња беше ориенталска практика потчинетите на кралот да го поздравуваат со метании. Веројатно тоа не подразбираше признавање на кралот како Бог; тоа беше знак на единствена најцелосна завист од неограничениот владетел.

Овој облик на метании што го воведе Кирус, основачот на империјата и се однесуваше за Персијците, како и за другите негови потчинети, секогаш беше сметан од античките Грци, веднаш штом дојдоа во контакт со тоа, како нешто невообичаено и наполно ориенталско. Слободниот антички Грк можеше да се понижи пред својот Бог, но никогаш пред човек, па затоа овој обичај можеше грешно да се протолкува, како што се случи кај Аесшил, дека Персијците ги боготворат своите кралеви како богови во текот на животот.

Александар Македонски, бездруго, знаеше од оние што му се умилкуваа дека Персијците ги сметаа метаниите едноставно како израз на длабоко почитување спрема својот господар. Но, бидејќи Александар беше поблиску до античката грчка концепција, знаеше дека е опасно да се воведе овој обичај кај своите потчинети, меѓу античките Македонци и античките Грци, обичај што Персијците го сметаа како нешто секојдневно и вообичаено.

Мора решително да се отфрли гледиштето дека тој мислеше индиректно да ги присили да го признаваат како Бог, бидејќи подоцна бараше такво почитување само од античките Грци, а не и од античките Македонци. Неговата намера беше со помош на овој дворски церемонијал повеќе да ја изрази еднаквата позиција на Персијците со античките Македонци и со античките Грци. Тоа беше чекор назад во однос на сé што пред тоа направи во оваа насока.

Можеби немаше да се зафати со ова, ако на дворот немаше непосредни лица кои беа готови да се зафатат со оваа работа и поради тоа да поминат со него низ судни маки. Веројатно неговиот близок пријател Хефестион беше режисерот. Колку беа свесни за опасноста од опитот е покажано од едно блиско предупредување.

Беше договорено на една гозба кралот да пие од пехар со своите пријатели. Секој требаше да испие пехар со пијалак, да се поклони пред кралот и потоа да се бакнат пријателски.

Тоа беше персиски обичај. На почетокот сите постапија според планот. Но, кога му дојде редот на Калистен, кој беше изненаден од сугестијата да го примени обичајот и да направи метанија, тој го избегна тоа. Александар Македонски беше свртен кон Хефестион, а кога неговото внимание беше свртено кон пропустот, тој одби да го бакне Калистена, кој потоа дрско му рече: „Еве, си одам посиромав за еден бакнеж”.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *