ВАРДАР РАСПРОДАВА СЕ ШТО МОЖЕ

Најдобриот вардаров фудбалер во последниве неколку сезони, бразилецот Хуан Фелипе заминува од клубот. На 12 кола до крајот, Фелипе и клубот со взаемен договор решиле да ја раскинат соработката.

Со заминувањето на бразилецот не завршува и распродажбата на се што вреди. Имено, двајцата ерменци, Тигран Барсегјан и Хофханес Хамбарџумјан отворено најавија заминување, односно нивниот заеднички менаџер добил известување дека може да бара нов клуб за нив.

Но ајде да е само тоа. Вардар се откажа и распродаде се што вредеше од младите играчи. Па така клубот го напуштија и Спировски, Николов, Муслиу, Демири, Личина, Петковски, а од јуни и официјално си заминуваат Велковски и Стојчевски. Иако не беше некое големо засилување, сепак треба да се спомене и Вања Марковиќ кој исто така најави заминување. Во јуни му завршува договорот и на Дејан Блажевски.

Дали на ред е продавањето на целиот клуб и дали управата веќе бара нов сопственик? Ваквото прачање се наметнува само по себе, предизвикано од потезите на сопственикот Сергеј Самсоненко, или кој и да е позади него. Сево ова изгледа на распродажба на се што вреди за да се соберат колку што е можно повеќе пари, а потоа на ред да дојде самиот бренд и недвижниот капитал, под претпоставка дека е на клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *